По минатонеделните 240 дојави за лажни бомби во училиштата, ќе се ревидира упатството што за такви случаи го изработи Министерството за образование и наука (МОН) во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) и ќе биде испратено повторно до училиштата за да знаат како да се однесуваат, информираше вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Netpress
Во секој случај станува збор за хибридна закана, за да се предизвика страв кај граѓаните и недоверба во системот, во институциите и ваквите закани и понатаму ќе продолжат – рече Андоновски.
По информациите за дојавите за бомби во училиштата, како што информираше, уште изутрината била формирана ад хок работна група од Министерството за дигитална трансформација, МОН и безбедносните служби во МВР за да се утврди каков е видот на нападот и кои се начините за превенција на системите во иднина. Novamakedonija
Додека МВР и МОН се справуваа со евакуацијата, чистењето на училиштата, проверките и враќањето, ние се занимававме како да ги превенираме системите, како да ги заштитиме да не можат да добиваат лажни закани од непознати страници кои немаат никаква контрола.
Има едни препораки, упатство што го изработи МОН во соработка со МВР, го ревидираме и ќе го испратиме повторно до училиштата за да знаат како да се однесуваат. Press24
Тоа е некој вид на превод, се претпоставува дека пораката е генерирана од вештачка интелигенција па преведувана од некои од оптимизациите за превод, не можеме точно да утврдиме дали станува збор изворно за македонски јазик или за превод.
Во секој случај станува збор за хибридна закана, за да се предизвика страв кај граѓаните и недоверба во системот, во институциите и ваквите закани и понатаму ќе продолжат – рече Андоновски. Plusinfo