Аферата за следење политичари, новинари бизнисмени од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), преку партиските седишта, сега се префрли во Собрание. Пратениците не можат да се договорат да направат надзор врз АНБ, откако излегоа информациите за следење.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре во 11 часот ја закажа седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежите за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. Како што информираат од собраниската прес-служба, со седницата ќе претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.
Модниот дизајнер Џорџо Армани почина на 92-годишна возраст. Неговата компанија ја потврди веста во кратко соопштение: „Со огромна тага, Армани Групацијата ја објавува смртта на својот творец, основач и неуморна движечка сила: Џорџо Армани“.
Џорџо Армани / Фото: EPA Во Милано: Познато е како ќе изгледа погребот на Џорџо Армани, неговата последна желба По јавната комеморација, каде што обожавателите ќе можат да му оддадат последна почит, погребот на Џорџо Армани ќе се одржи далеку од очите на јавноста, тоа била неговата желба. Во четвртокот на 4 септември, низ целиот свет се прошири веста дека Џорџо Армани, легендарниот дизајнер и визионер кој ја обележа светската мода со својата работа и остави неизбришлив белег во историјата на италијанскиот стил, почина на 91-годишна возраст.
Тешко повредена скопјанка при влегување во лифт во зградата на МРТВ Скопјанка на возраст од 52 години вчера завршила во болница откако се повредила при влегување во лифт во зградата на МРТВ. „На 03.09.2025 во 11:20 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена Е.Т.(52) од Скопје, која се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ“, информираа од полицијата.
52-годишна жена од Скопје завршила во болница откако се повредила при влегување во лифт во зградата на МРТВ. На 03.09.2025 во 11:20 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена Е.Т.(52) од Скопје, која се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ, информираа од полицијата.