Никој не треба да има дилема во нашата усогласеност со надворешната и одбранбена политика со Европската Унија, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање дали со вчерашното коспонзорство на резолуцијата на ОН за Украина на САД, а не на таа на ЕУ, Македонија испраќа сигнал дека не е целосно усогласена со надворешната и одбранбена политика на ЕУ. – Ние застанавме со нашиот стратешки партнер, тоа се САД.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека никој не треба да има дилема во нашата усогласеност со надворешната и одбранбена политика со Европската Унија.