1 (14) ■ вести > македонија > хроника ■ 08-Nov 11:42 -> 08-Nov 12:57
.
.
.
.

Поранешната министерска за култура Костадиновска-Стојчевска незаконски трошела народни пари, потврди Антикорупциска

  • ДКСК иницира постапка против поранешната министерка за култура за злоупотреба на буџетски средства за приватни цели

Државната комисија за спречување на корупција ДКСК потврди дека поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска трошела народни пари незаконски.

Државната комисија за спречување на корупција денеска донесе одлука да иницира постапка до надлежните органи во врска со употреба на буџетски средства за приватни цели на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

2 (12) ■ вести > македонија ■ 08-Nov 11:12 -> 08-Nov 12:52
.
.
.
.

АХВ апелира: Граѓаните да пријават во АХВ ако најдат угината дива птица од водните видови

  • АХВ со апел до граѓаните да пријават пронајдени угинати водни птици

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови (патки, гуски и слично) да ја известат АХВ лично (во Централа или во подрачните единици на Агенцијата), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на ), или ветеринарните друштва.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови (патки, гуски и слично) да ја известат АХВ лично (во Централа или во подрачните единици на Агенцијата), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на ), или ветеринарните друштва.

4 (11) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 06-Nov 17:11 -> 08-Nov 12:55
.
.
.
.

Шест години секој месец примал мито вработен во Национални шуми

  • Кривична пријава за примање поткуп и злоупотреба на службена положба

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службена должност“ по член 353 и „примање поткуп“ по член 357 од КЗ. Пријавениот Б.К., референт во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Беласица – Струмица, се сомничи дека во претходните шест години, континуирано секој месец, лично или со посредство на друго лице, барал и добивал паричен надомест од жител на струмичко село, кој требало да добие дозвола за сеча на дрва.

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднело кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службена должност“ по член 353 и „примање поткуп“ по член 357 од КЗ. Како што соопшти МВР, пријавениот Б.К., референт во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Беласица – Струмица, се сомничи дека во претходните шест години, континуирано секој месец, лично или со посредство на друго лице, барал и добивал паричен надомест од жител на струмичко село, кој требало да добие дозвола за сеча на дрва.

5 (5) ■ вести > македонија ■ 08-Nov 12:15 -> 08-Nov 12:48
.
.
.
.

ДКСК: Членството на претседателката на Врховен суд и ЈО на РСМ во УО на АСЈО е согласно закон

  • ДКСК бара поништување на одлуките за назначување на членови на УО на АСЈО од Судски совет и Совет на јавни обвинители

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска одлучи да ја запре постапката за судир на интереси за претседателка на Врховен суд, Беса Адеми и Јавниот обвинител на РСМ, Љупчо Коцевски, како членови на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). ДКСК утврди дека претставката не е основана бидејќи тоа се членови на АСЈО согласно исклучокот од забрана за членство во управни и надзорни одбори.

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да преземат мерки со кои ќе ги стават вон сила своите одлуки за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), порача Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК). Според нив, одлуките се спротивни на Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Закон за АСЈО.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија