Силните институции се вистинскиот мотор на одржливите промени.
Добивај вести на Viber Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, но се уште, не сме разговарале за тоа дали ќе биде линеарно или процентуално, иако го знаете мојот став дека јас сум поборник за тоа да има линеарно зголемување на пензиите, изјави неодамна на прес-конференција министерката за финансии, Димитриеска Кочоска.Претставувајќи го предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година, на прес-конференција во Владата, Кочоска рече дека вкупниот транфер од Буџетот кон ПИОМ годинава ќе изнесува некаде околу 50 милијарди и дека со предлог ребалансот се предвидуваат дополнително околу 2,5 милијарди.