1 (109) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 03-Oct 08:38 -> 04-Oct 19:38
.
.
.
.

Прилеп ќе го прогласи петок, 4 октомври, за ден на жалост

  • Во Прилеп утре Ден на жалост по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица

  • Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Битола кај Лагово

  • (ФОТО) Тројца загинати и еден повреден во судир меѓу автомобил и камион на патот Прилеп-Битола

Поради трагичната сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола во која загинаа три медицински лица од Прилеп, двајца лекари и радиолошка техничарка, претседателот на Советот на општина Прилеп за 18 часот закажа вонредна седница на Советот со единствена точка на дневниот ред – Предлог-одлука за прогласување на ден на жалост во Прилеп.

Во Прилеп, утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост поради трагично загинатите медицински лица, кои утрово ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.

АМСМ соопшти дека од 16:25 часот е нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Битола кај селото Лагово.

Три лица загинаа, а едно е повредено во сообраќајната несреќа што се случи утрово по 7 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола, во близина на селото Лагово, пренесува МИА.

2 (50) ■ вести > македонија > политика ■ 03-Oct 10:21 -> 04-Oct 19:56
.
.
.
.

Филипче: Вкупното зголемување кај пензионерите не е 2.500 денари, туку е помалку

  • Филипче: ВМРО-ДПМНЕ не го враќаат името

  • СДСМ: Мицкоски да прифати затворена седница на Собрание, да каже каков е планот за евроинтеграциите

  • Поранешни поддржувачи на ЗНАМ се враќаат во СДСМ, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето гостување на „Клик плус“ на ТВ21, го критикуваше неисполнувањето на предизборните ветувања за зголемување на пензиите.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека власта ги излажала граѓаните кога им ветувала дека нема да ја користи придавката „Северна“.

ВМРО-ДПМНЕ и Владата имаат должност да го информираат Собранието и пратениците кои се следните чекори во однос на ЕУ интеграциите откако целосно го закочија процесот, а Албанија се одвои од Македонија на патот кон ЕУ велат од СДСМ по денешната изјава на премиерот во врска со барањето на Филипче за затворена седница за евроинтеграциите.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека партијата активно се консолидира по последните избори, со значителен прилив на нови членови и враќање на поранешни поддржувачи на ЗНАМ.

3 (36) ■ вести > балкан > регион ■ 04-Oct 10:08 -> 04-Oct 22:37
.
.
.
.

Бројот на загинатите во катастрофалните поплави во БиХ се искачи на 21

  • Најмалку 14 загинати во поплавите во Јабланица: „Ова се пронајдените од спасувачите“

  • Поплавени централни делови на повеќе градови во БиХ, најтешка состојбата во Јабланица

  • ВИДЕО: Најмалку пет мртви, отсечени села, урнати мостови во поплавите во Босна и Херцеговина

Најмалку 21 лице го загуби животот во поплавите во Босна и Херцеговина.

Во поплавите што ја зафатија Јабланица, во БиХ, загинале најмалку 14 лица, соопшти раководителот на Секторот за односи со јавноста, Дарко Јукан.

Централните делови на неколку градови во северниот дел на Херцеговина и централна Босна се целосно поплавени, а најтешка е состојбата во Јабланица, која е целосно изолирана поради поплавите.

Најмалку пет лица загинаа во поплавите и свлечиштата што ја погодија населбата Јабланица на југот на Босна и Херцеговина, според неофицијалните информации што ги објави „Дневни аваз“.

4 (32) ■ вести > македонија > политика ■ 03-Oct 21:25 -> 04-Oct 19:57
.
.
.
.

Тачи го напушти „Европскиот фронт„, оттаму не признаваат

  • Меџити за излегувањето на Тачи од Европскиот фронт: Тие не се споија идеолошки, туку за да опстанат на политичката сцена

  • Тачи официјално раскрстил со Али Ахмети

  • Мендух Тачи го напушта Европскиот фронт

Мендух Тачи го напушти Европскиот фронт.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е дел од коалицијата Влен, коментирајќи го излегувањето на Мендух Тачи од Европскиот фронт предводен од ДУИ, рече дека партиите во овој фронт не се споиле иделошки, туку за да опстанат на политичка сцена.

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи денеска и официјално го напушти Европскиот фронт, дознава порталот Тетова сот.

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи денеска и официјално го напушти Европскиот фронт, дознава порталот Тетова сот.

5 (34) ■ вести > свет ■ 03-Oct 08:14 -> 04-Oct 22:46
.
.
.
.

Бајден нема да преговара јавно со Израел во врска со Иран

  • Иран се коцка со нападот врз Израел по понижувачките удари врз сојузниците

  • Под знак прашање е што постигнува Израел со насочените убиства на екстремистичките лидери

  • Бајден: Да сум на местото на Израел, би размислил дали да ги гаѓам иранските нафтени постројки

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека нема да преговара јавно кога го прашаа дали го повикал Израел да не ги напаѓа иранските нафтени постројки.

Главниот командант на Исламската револуционерна гарда на Иран (IRGC), генерал-мајор Хосеин Салами, стоеше пред голем транспарент во командната соба додека користеше телефон за да нареди лансирање на околу 200 балистички ракети кон Израел во вторникот навечер, според видео клип објавен од иранските медиуми.

АФП По атентатот на лидерот на Хезболах во Либан, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се пофали дека Израел се пресметал, но претходните израелски насочени убиства фрлија сомнеж за тоа што всушност ќе се промени, пишува АФП.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во петокот дека доколку тој би бил на местото на Израел, би разгледал алтернативи за гаѓање на иранските нафтени постројки, додавајќи дека смета дека Израел сè уште не одлучил како да одговори на Иран.

12 (14) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 04-Oct 13:22 -> 04-Oct 16:45
.
.
.
.

Кривична пријава против шест затворски полицајци за овозможување бегство на затвореник

  • Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против шест лица, сите припадници на затворската полиција, вработени во КПУ-КПД Идризово и тоа: И.И. (37), Ј.А. (36), И.Ј. (50), Д.П. (34), Ф.Б. (31) и В.Т. (36), за сторено кривично дело „Овозможување бегство на лице лишено од слобода“ предвидено и казниво по член 372 став 2 од КЗ. Според информациите, пријавените И.И. и Ј.А. во својство на службени лица-затворски полицајци вработени во КПУ-КПД Идризово на 01.02.2023, додека ги извршувале работните задачи во Отворено одделение, со давање лажни податоци/изјава спрема раководните затворски полицајци, им овозможиле на група осудени лица да бидат надвор од рамките на затворот, спротивно на судски пресуди според кои требало да издржуваат казна затвор во КПУ-КПД Идризово, на начин што при утврдување на бројната состојба на осудени лица во отворено одделение во КПУ-КПД Идризово имало седум отсутни лица од установата, додека И.И. и Ј.А. констатирале дека сите осудени лица биле присутни, за што усно ги известиле командирите овозможувајќи им бегство на осудените лица: Ј.Р., И.Ј., Н.Б., С.С., Р.К., И.Р. и Е.С.. Пријавените И.Ј., Д.П., Ф.Б. и В.Т. на истиот ден работно ангажирани на работни позиции во установата, не преземале дејствија за да го задржат осуденото лице Р.К. да го напушти затворот, кој пред нив се упатил кон вратата од пријавницата и избегал.

Денеска (04.10.2024) Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против шест лица, сите припадници на затворската полиција, вработени во КПУ-КПД Идризово и тоа: И.И. (37), Ј.А. (36), И.Ј. (50), Д.П. (34), Ф.Б. (31) и В.Т. (36), за сторено кривично дело „Овозможување бегство на лице лишено од слобода“ предвидено и казниво по член 372 став 2 од КЗ., соопштија од Министерството за внатрешни работи.

15 (13) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 04-Oct 12:44 -> 04-Oct 16:46
.
.
.
.

Отповикани рочиштата закажани за следната недела за убиството на Вања и Панче, еден од обвинетите е хоспитализиран

  • Одложено судењето за убиството на Вања и Панче, еден од обвинетите е со влошена состојба

Основниот кривичен суд Скопје информира дека рочиштата за судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски кои беа закажани за следната недела се отповикуваат, поради тоа што еден од обвинетите е хоспитализиран.

Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека притвореникот Б. В., кој е еден од обвинетите во предметот со К. бр. 1339/24, поврзан со двојното убиство на малолетната Вања од Скопје и на велешанецот Панче Жежовски, бил префрлен од затворот на Клиниката за нефрологија поради влошена здравствена состојба.

Повеќе од
оваа категорија

194 (4) ■ бизнис > македонија ■ 03-Oct 11:51 -> 03-Oct 12:40
.
.
.
.

ГРОЗЈЕТО ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ОТКУПУВА ПО ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКА ЦЕНА Раце ќе тријат и тутунарите, сливарите, јаболкарите…

  • Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции, историски највисока цена на грозјето и многу други проекти

Во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори, укажувајќи дека исплатени се заостанатите плати во Национални шуми и АД Водостопанство, исплатени се 1 милијарда денари заостанати субвенции, зголемени субвенции за јачмен и пченица, како и постигната е највисока откупна цена за грозјето.

196 (4) ■ бизнис ■ 03-Oct 10:39 -> 03-Oct 12:55
.
.
.
.

НА ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И РОМАНЦИТЕ ИМ СЕ СПОИЈА ЖИЧКИТЕ До кога ќе плаќаат многу поскапа струја од „западњаците“, нели се сите заедно во ЕУ?!

  • Министрите за енергија на ЕУ на 15 октомври ќе расправаат за проблемот со скапата струја во ЈИЕ

Барањето на Бугарија, Грција и Романија за интервенција на Европската комисија во врска со стандардно повисоките цени на струјата на енергетскиот пазар во Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа, ќе се најде на дневен ред на заседанието на министерскиот Совет за транспорт, телекомуникации и енергија на ЕУ, предвидено за 15 октомври во Луксембург.

Барањето на Бугарија, Грција и Романија за интервенција на Европската комисија во врска со стандардно повисоките цени на струјата на енергетскиот пазар во Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа, ќе се најде на дневен ред на заседанието на министерскиот Совет за транспорт, телекомуникации и енергија на ЕУ, предвидено за 15 октомври во Луксембург.

58 (7) ■ сцена > шоу биз ■ 03-Oct 10:04 -> 05-Oct 00:12
.
.
.
.

За 24 часа се јавиле 12.000 жртви и сведоци во случајот против Пи Диди

  • Шокантни тврдења: Диди во пијалоците на жртвите ставал средство за смирување на коњи?!

Адвокатот Тони Базби, кој планира да поднесе тужба против уапсениот Шон Диди Комбс во име на 120 жртви на сексуален напад, тврди дека телефонската линија што ја поставил претходно оваа недела била преплавена . Адвокатот Тони Базби, кој планира да поднесе тужба против уапсениот Шон Диди Комбс во име на 120 жртви на сексуален напад, тврди дека телефонската линија што ја поставил претходно оваа недела била преплавена со неверојатни 12.000 повици за околу 24 часа.

Тони Базби, адвокатот кои што ги застапува новите обвиненија од 120 точки со кои се соочува уапсениот рапер, контроверзниот Шон Диди Комбс, ја шокираше јавноста.