1 (26) ■ вести > македонија > политика ■ 03-Mar 16:07 -> 03-Mar 22:01
.
.
.
.

Муцунски: Унгарија е меѓу 10-те најголеми наши трговски партнери и странски инвеститори

  • МУЦУНСКИ ОД БУДИМПЕШТА: Утрешниот заеднички состанок на двете влади, значаен момент на продлабочување на нашите односи

  • Сијарто: Унгарија и Северна Македонија го поддржуваат мирот во Украина што може да се постигне само со американско-руски договор

Унапредување на билатералните односи, трговската соработка, како и перспективите и предизвиците во процесот на нашата европска интеграција беа во фокусот на разговорите на средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и на Унгарија Тимчо Муцунски и Петер Сијарто со која беше означен почетокот на владиниот самит на двете држави во Будимпешта, јави известувачот на МИА.

Утрешниот заеднички состанок на двете влади, значаен момент на продлабочување на нашите односи, истакна на денешната заедничка прес конференција со унгарскиот шеф на дипломатијата Петар Сијарто министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски уште еднаш ја потенцира поддршката што Унгарија и ја дава на нашата земја за зачленување на ЕУ, но исто така нагласи и дека двете земји се за мир во Украина што го покажале со поддршката на Резолуцијата на САД во ОН. – Ние и Република Северна Македонија сме на страната на мирот.

3 (74) ■ вести > свет > нато ■ 01-Mar 08:06 -> 03-Mar 21:52
.
.
.
.

Зеленски: Ќе поднесам оставка под услов Украина да влезе во НАТО

  • Зеленски и европските сојузници ја зацврстуваат соработката по спорот со Трамп

  • Њујорк тајмс: Трамп би можел да ја укина целата помош за Украина

  • Трамп: Помалку да се грижиме за Путин а повеќе за силувачите меѓу мигранти - да не завршиме како Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку Украина за возврат стане членка на НАТО, а тоа го спомена откако сојузници на американскиот претседател Доналд Трамп побараа негова оставка.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска рече дека ќе работи со Европа за да постави услови за евентуален мировен договор што ќе им ги претстави на САД откако сојузниците собрани во Лондон ветија дека ќе потрошат повеќе за безбедноста и ќе соберат коалиција за одбрана на какво било примирје во Украина.

Неименуван извор од Белата куќа за весникот Њујорк тајмс изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп би можел да ја укине помошта за Украина.

Трамп: Помалку да се грижиме за Путин а повеќе за силувачите меѓу мигранти, нарко босовите и убијците - да не завршиме како Европа Доналд Трамп даде кратка изјава на својата мрежа Truth Social по одржувањето на самитот во Лондон.

5 (21) ■ вести > македонија ■ 03-Mar 12:03 -> 03-Mar 17:52
.
.
.
.

ССМ БАРА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА Ако не се прифати ќе организира штрајк

  • ССМ бара дополнително зголемување на минималната плата за 6 000 денари

  • ▷ ССМ бара зголемување на минималната плата за 6.000 денари

Дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари, бара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ваквиот предлог денеска е доставен до Владата, Организацијата на работодавачите и пратениците, а ќе значи, како што беше речено на прес-конференција, дополнително зголемување на сите останати плати на работниците во земјава.

Дополнително зголемување на минималната плата за 6 000 денари, бара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ваквиот предлог денеска ќе биде доставен до Владата, Организацијата на работодавачите и пратениците, а ќе значи, како што беше речено на прес-конференција, дополнително зголемување на сите останати плати на работниците во земјава.

Дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари, бара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ваквиот предлог денеска ќе биде доставен до Владата, Организацијата на работодавачите и пратениците, а ќе значи, како што беше речено на прес-конференција, дополнително зголемување на сите останати плати на работниците во земјава.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

73 (6) ■ сцена > култура ■ 03-Mar 07:02 -> 03-Mar 15:57
.
.
.
.

Осум романи ја продолжуваат трката за наградата Роман на годината

  • ▷ Осум романи ја продолжуваат трката за „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата Роман на годината за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), селектираше 8 романи што ја продолжуваат трката за наградата Роман на годината.

Како што соопштуваат од жири-комисијата, на годинашниот конкурс пристигнале 43 романи, во првата селекција одбрани се 20 наслови, а сега на списокот остануваат уште осум романи: Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), селектираше осум романи што ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“.