1 (9) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Sep 14:15 -> 24-Sep 18:42
.
.
.
.

Муртезани: Членките на ЕУ се подготвени да ни помогнат за побрзо заокружување на пристапниот процес

  • Муртезани на состанок на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел

Земјите членки на ЕУ се подготвени да ни помогнат во процесот на пристапување кон Унијата, со цел да го заокружиме колку што е можно најбрзо, изјави за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој денеска во Брисел учествуваше на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК). Главна тема на заседанието на ГАК беше Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2024 година, со кој годинава покрај земјите членки на ЕУ, првпат беа опфатени и четирите држави од Западниот Балкан вклучени во пристапниот процес – Северна Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.

На покана на унгарското претседателство со Советот на ЕУ, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, утре во Брисел ќе учествува на официјалниот состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК). – Ова е прво учество на министри од земји-кандидати за членство во Унијата, заедно со земјите-членки да бидат дел од формалниот ГАК на кој ќе се дискутира за Извештајот на Европската комисија за владеење на правото, велат од Министерството за европски прашања.

3 (43) ■ вести > свет ■ 22-Sep 08:47 -> 24-Sep 17:15
.
.
.
.

ТРАМП: Мислам дека Зеленски е најголемиот бизнисмен во историјата, секогаш кога доаѓа во САД, тој си заминува со 60 милијарди долари

  • Зеленски во САД за да му го претстави својот „план за победа“ на Бајден

  • Трамп: Зеленски сака демократите да победат на претседателските избори во САД

  • Зеленски за Еј-Би-Си Њуз: Поблиску сме до крајот на војната отколку што мислиме

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака демократите да победат на изборите на кои тој ќе се соочи со демократската потпретседателка Камала Харис, пренесоа британските медиуми.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа пристигна во САД каде на американскиот претседател Џо Бајден ќе му ги претстави деталите од неговиот „план за победа“ со цел да се стави крај на руската инвазија, уверувајќи дека оваа есен ќе биде одлучувачка.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака демократите да победат на изборите на кои тој ќе се соочи со демократската потпретседателка Камала Харис, пренесоа британските медиуми.

Се поблиску сме до крајот на војната, поблиску отколку што мислиме, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Еј-Би-Си Њуз.

4 (102) ■ вести > свет ■ 22-Sep 08:34 -> 24-Sep 16:00
.
.
.
.

САД: Треба да се спречи ескалација меѓу Израел и Хезболах

  • Галант: Илјадници ракети на Хезболах се уништени во офанзивата во Либан

  • Министерството за здравство на Либан соопшти за убиство на три лица во израелски напади

  • Би-Би-Си: Израел игра многу опасна игра, копнената инвазија изгледа неизбежна

Соединетите Американски Држави не поддржуваат ескалација на конфликтот што се случи во последните денови меѓу Израел и Хезболах, изјави висок функционер на Стејт департментот.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вечерва изјави дека израелската офанзива во Либан уништила десетици илјади ракети од арсеналот на Хезболах.

Министерството за здравство на Либан денеска соопшти дека три лица загинале во одделни израелски напади на југот на земјата, каде, како што рече Израел, мета биле цели на Хезболах.

Мрежите на Хезболах се тешко оштетени, неговите борци се осакатени, неговото раководство е убиено, а неговата воена инфраструктура е под постојано бомбардирање.

6 (20) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 11:32 -> 24-Sep 17:15
.
.
.
.

НА ДВАЈЦАТА НЕКА ИМ Е СО СРЕЌА Мицкоски до Ахмети за најавените протести и до Снопче за заканите со излегување од Владата

  • Мицкоски: Ако „Вреди“ сакаат да ја напуштат Владата – Нека им е со среќа

  • Нека му е со среќа, рече Мицкоски за изјавата на Снопче дека ќе ја напуштат Владата ако се донесе Законот за бранители

Нека му е со среќа – вака кусо и отсечно премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше најавата на пратеникот од Вреди Халил Снопче, кој синоќа го повтори ставот на албанската коалиција дека ќе ја напуштат Владата доколку се усвојат измените на Законот за бранители без да биде предвидено обештетување и за поранешните борци на ОНА.

Ако „Вреди“ планира да ја напушти Владината коалиција тогаш нека им е со среќеа рече денеска премиерот Мицкоски прашан за коментар на изјавата на Халил Снопче, пратнеик од Вреди кој вчера во телевизиско гостување рече дека ако помине Законот за бранителите тогаш тие ќе ја напуштат Владината коалиција.

Нека му е со среќа, вака премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше изјавата на пратеникот Халил Снопче кој рече дека ако се изгласа законот за бранители Вреди ќе ја напуштат владата.

10 (16) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Sep 10:45 -> 24-Sep 14:15
.
.
.
.

Почнува изградба на спортска сала во ПОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населба Хром

  • Мицкоски: За една година од мандатот инвестираме 21 милијарда денари во капитални проекти во општините

Во Подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром во општина Ѓорче Петров денеска беше поставен камен-темелник за изградба на спортска сала на површина од 476 квадратни метри.

Можам да кажам дека повторно Македонија се гради после долгогодишен застој, конечно почнуваме да го надополнуваме тоа коешто годините позади нас беше запустено, заборавено, а ветувано, неисполнето, изјави премиерот Христијан Мицкоски денес на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во Општина Ѓорче Петров „За разлика од минатото можам да кажам дека градоначалникот овде во Општина Ѓорче Петров заедно со дел од советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, администрацијата, заедно со пратениците во Парламентот, со пратеникот тука од Општина Ѓорче Петров, заедно со Министерството за образование и наука, во периодот којшто следи ќе имаат голем број инвестиции овде, но и оваа инвестиција денеска овде којашто е од буџетот на Општината, покажува дека Македонија се гради и дека граѓаните ќе ги добијат оние услови коишто се потребни за поголем квалитет во нивниот живот.

12 (15) ■ вести > македонија ■ 24-Sep 11:37 -> 24-Sep 16:10
.
.
.
.

ССМ: Трговците ги зголемија цените на основните производи пред ограничување на маржите

  • Порасна потрошувачката кошничка во септември, ССМ се надева дека ќе се намалат трошоците за храна ако се почитува одлуката на Владата

За задоволување на основните потреби во домаќинството, на едно четиричлено семејство во септември му биле потребни 61 306 денари, што е зголемување за 107 денари споредено со август кога истите трошоци изнесувале 61 199 денари, покажува пресметката на синдикалната кошничка на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Како загрижувачки, ССМ го посочува податокот што трошоците за храна и пијалаци за еден месец се зголемиле за 717 денари, што укажува на тоа дека, како што велат од Синдикатот, трговците во текот на месецот ги искористиле најавите за воведување на ограничени маржи на основните прехранбени производи.

Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 61.306 денари што е зголемување за 107 денари во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

69 (4) ■ сцена > култура ■ 24-Sep 10:30 -> 24-Sep 13:27
.
.
.

„Пијан Славеј“ на летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ

  • Летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ му даде крилја

На летната Сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) вечер ќе настапи „Пијан Славеј“, музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски со нивната нова македонска шансона, која го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.

Во Македонскиот народен театар изминатата недела се случи отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, која ги сплоти публиката, актерите, режисерите, музичарите и сите уметници, на едно убаво место - плато/летната тераса покрај течението на реката Вардар.