Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 61.306 денари што е зголемување за 107 денари во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари.
Загрижува податокот во делот на трошоците за Исхрана и пијалоци за месец септември кои изнесуваат 23 034,00 денари споредено со месец август (22 317,00 денари) и истите како трошок се зголемени за 717,00 денари, што покажува дека трговците во текот на месецот ги искористија најавите за воведување на ограничени маржи или цени за да ги зголемат цените на основните прехранбени производи пред објавување на Одлуката на Владата во Службен весник и на тој начин дополнително да се збогатат и да си осигураат зголемени цени и во наредниот период, односно за време на траењето на Одлуката за ограничени маржи на штета на граѓаните и работниците во Македонија – велат од ССМ. Novamakedonija
За задоволување на основните потреби во домаќинството, на едно четиричлено семејство во септември му биле потребни 61 306 денари, што е зголемување за 107 денари споредено со август кога истите трошоци изнесувале 61 199 денари, покажува пресметката на синдикалната кошничка на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Како загрижувачки, ССМ го посочува податокот што трошоците за храна и пијалаци за еден месец се зголемиле за 717 денари, што укажува на тоа дека, како што велат од Синдикатот, трговците во текот на месецот ги искористиле најавите за воведување на ограничени маржи на основните прехранбени производи.
„Во септември годинава трошоците за храна и пијалаци изнесуваат 23 034 денари, а во август 22 317 денари“, Сепак, од Сојузот на синдикати очекуваат дека владината мерка за ограничување на маржите, доколку се почитува, значајно ќе ги намали трошоците за храна и пијалаци на најранливите категории на граѓани или на работниците со најниски примања со оглед на тоа што во листата на производи со ограничени маржи се опфатени 86 отсто од протизводите во синдикалната минимална кошничка. Libertas
Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 61.306 денари што е зголемување за 107 денари во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари. Netpress
СКОПЈЕ – Седумдесет и три прехранбени производи од денес треба да бидат со намалени цени откако на сила стапи владината одлука за замрзнување на маржите на 10 отсто во рамките на есенската потрошувачка кошница.
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) кој денес ја објави минималната кошница ги обвините трговците дека ги зголемите цените на прехранбените производи и тоа е потврдено од пресметката која покажала дека само трошоците за храна се зголемиле за над 700 денари споредено со минатиот месец. Mk
Минималната потрошувачка кошница за едно четиричлено семејство за месец септември поскапа за 107 денари во споредба со месец август. Telma
Оваа мерка ќе трае до крајот на октомври.
Во периодот што следи ќе продолжиме да ја ажурираме оваа листа, во зависност на потребите на граѓаните. Mk