1 (9) ■ вести > македонија ■ 25-Sep 13:49 -> 25-Sep 16:00
.
.
.
.

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје - Kорпоративната историја и традиција на едно место

  • (ВИДЕО) Отворен музејот на „Алкалоид“

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов низ компаниската историја, втемелена врз многу труд, знаење, искуство и квалитет.

Во просторите на „Алкалоид“ денеска беше отворен музејот на ова компанија, кој ја опфаќа нејзината историја од отворањето до денес.

3 (24) ■ вести > македонија ■ 24-Sep 20:13 -> 25-Sep 15:33
.
.
.
.

И бурекот и јогуртот треба да поевтинат, потсетува ДПИ

  • Пазарната инспекција утре ќе ги контролира бурекчилниците

  • Трајковски: ДПИ од денеска ќе почне да ги казнува трговците кои не ги намалиле профитните маржи

Одлуката за ограничување на профитните маржи на трговците до 10 отсто ги опфаќа и бурекот и јогуртот и белите печива, потсети на денешната прес-конференција директорот на Државната пазарна инспекција, Горан Трајковски, откако граѓани се пожалиле дека нема поевтинување на бурекот и белите печива.

Одлуката за ограничување на профитните маржи на трговците до 10 отсто ги опфаќа и бурекот и јогуртот и белите печива, појасни денес директорот на Државната пазарна инспекција, Горан Трајковски.

ДПИ од денеска ќе почне да ги казнува трговците кои не ги намалиле профитните маржи согласно одлуката на Владата Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на пладне ќе почне со казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја ограничи профитната маржа, најави во изјава за МИА директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

5 (9) ■ вести > македонија > регион ■ 25-Sep 07:15 -> 25-Sep 15:33
.
.
.
.

Како да се вратат младите што дипломирале во Словенија

  • Конференција „Од Словенија до Северна Македонија: Синергија на образованието и бизнисот во Северна Македонија“

Чувство на немање перспектива, демотивираност од работната позиција, несоодветно вреднување на трудот и ниска плата, нефер пристап до работни места според квалификации, политизираност на институциите, распространета корупција и непотизам, проблеми во квалитетот на живот – во здравствениот систем и животната средина – се некои од причините што ги одвраќаат младите Македонци што дипломирале во Словенија да се вратат во земјава.

„Од Словенија до Северна Македонија: Синергија на образованието и бизнисот во Северна Македонија“ е насловена конференцијата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Амбасадата на Република Словенија со Друштвото на словенечки и македонски стопанственици и Македонската студентска организација во Словенија (МСОС). Организаторите најавуват дека на отворањето на конференцијата ќе се обратат министерката за енеретика Сања Божиновса и словенечкиот амбасадор во државава Грегор Прескор, по што ќе биде презентира анкета спроведена од МОСС.

6 (21) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 14:58 -> 25-Sep 12:23
.
.
.
.

Орбан доаѓа во Охрид, в четврток и петок привремено ќе бидат затворени неколку улици

  • Унгарскиот премиер Орбан на 26 и 27 септември во официјална посета на Македонија

  • Безбедносни мерки во Охрид во врска со посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан утре и задутре ќе биде гостин на премиерот Христијан Мицкоски во Охрид.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада, на 26 и 27 септември ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија, информира владината прес-служба.

Во врска со престојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на земјава, СВР – Охрид ги спроведува неопходните безбедносни мерки и активности за безбедно и непречено движење на делегацијата низ Охрид и околината.

7 (23) ■ вести > свет ■ 24-Sep 21:11 -> 25-Sep 15:51
.
.
.
.

Арапските земји загрижени: Израел го турка регионот во тотална војна

  • Хезболах лансирал ракета кон Тел Авив, ИДФ го уништиле фрлачот на територија на Либан

  • Хезболах со ракета гаѓаше кон седиштето на Мосад, крај Тел Авив

Израел го турка регионот во тотална војна, рекоа шефовите на дипломатиите на Египет, Ирак и Јордан во заедничката изјава објавена во средата, осудувајќи ја „израелската агресија врз Либан“.

Сирени за предупредување денеска се огласија во Тел Авив, откако системите за противвоздушна одбрана пресретнаа ракета земја-земја откако било откриено дека преминува од Либан, соопшти израелската војска.

Сирените за тревога утрово се огласиле во Тел Авив и централен Израел, по што војската на земјата соопшти дека пресретнала проектил кој бил истрелан од Либан, пренесува Би-би-си. Хезболах ја презеде одговорноста за утринскиот ракетен напад врз централен Израел и соопшти дека со балистичка ракета „Кадер 1“ го гаѓала седиштето на Мосад во близина на Тел Авив.

8 (11) ■ вести > македонија > регион ■ 25-Sep 12:49 -> 25-Sep 14:45
.
.
.
.

Ципрас доби награда за мир за Договорот од Преспа и порача ЕУ да покаже кредибилитет

  • ▷ Ципрас доби награда за мир за Договорот од Преспа

Ако Европската Унија се покаже некредибилна во однос на своето ветување за Западен Балкан, за нејзиното соседство, тогаш нема да има никаков кредибилитет како меѓународна геополитичка сила, порача поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во неговиот говор откако му беше доделена наградата за мир за Договорот од Преспа од грчка организација, јави дописничката на МИА од Атина.

Ако Европската Унија се покаже некредибилна во однос на своето ветување за Западен Балкан, за нејзиното соседство, тогаш нема да има никаков кредибилитет како меѓународна геополитичка сила, порача поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во неговиот говор откако му беше доделена наградата за мир за Договорот од Преспа од грчка организација, јави дописничката на МИА од Атина.

10 (24) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 11:01 -> 25-Sep 13:09
.
.
.
.

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

  • Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР

  • Како СДСМ и ДУИ ја искористија ковид-кризата за да доделат 33 милиони евра на свои луѓе

Седум години СДС и ДУИ го гледале само личниот и партиски интерес, наместо државниот.

Тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје.

Владата предводена од СДС и ДУИ не правела ништо освен што крадела од граѓаните и државата, односно народните пари завршувале во џебови на поединци наместо за развој, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека ваквото однесување го поткрепува и Државна ревизија, или со ревизијата завршена во мај 2023 година се гледа дека неосновано се трошеле стотици милиони евра народни пари.

13 (5) ■ вести > македонија ■ 25-Sep 13:35 -> 25-Sep 15:12
.
.
.
.

Митрески: Гаши да ја задолжи наделжната Комисија да свика седница и да расправа за примената на членови од Деловникот

  • СДСМ бара Kомисијата за деловнички прашања да биде свикана за одлуката на Гаши за Законот за бранители

Потпретседателот на Собранието од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Јован Митрески бара собранискиот спикер Африм Гаши да ја задолжи Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања да свика седница каде ќе се толкува примената на членот 126 став 3 од Деловникот во однос на предлог-законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства.

Денес како потпретседател на Собранието предложен од најголемата опозициска партија, врз основа на член 62, став 4 од деловникот, преку архивата доставив допис, барање до претседателот на собранието, господинот Африм Гаши, да ја задолжи комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања и да свика седница каде ќе се толкува примената на членот 126 став 3. Бидејќи апсолутно не се согласувам со образложението на претседателот за овој член од деловникот, го доставив наведеното барање, изјави пратеникот на СДСМ, Јован Митрески.

Повеќе од
оваа категорија

93 (9) ■ спорт > фудбал ■ 24-Sep 18:05 -> 25-Sep 10:51
.
.
.
.

ФИНАЛЕТО НА ЛИГА ШАМПИОНИ 2027 НЕМА ДА СЕ ИГРА ВО МИЛАНО Градот не доставил гаранција дека навреме ќе го реновира стадионот

  • УЕФА донесе одлука: „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето во ЛШ во 2027 година

Финалниот натпревар од елитната фудбалска Лига на шампиони во 2027 година нема да се одигра на миланскиот стадион „Сан Сиро“ како што првично беше планирано, соопшти вечерва Европската фудбалска организација (УЕФА). Одлуката е донесена на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Прага, откако градот Милано не доставил гаранција дека реновирањето на стадионот и неговата околина навреме ќе биде завршено.

Извршниот комитет на УЕФА му ја одзема организацијата на финалето во Лигата на шампиони на стадионот „Сан Сиро“ во Милано поради тоа што градските власти не можат да гарантираат дека домот на Милан и Интер ќе биде реконструиран.

Повеќе од
оваа категорија

131 (7) ■ сцена > култура ■ 24-Sep 10:30 -> 25-Sep 15:15
.
.
.
.

Свечено затворање на летната сцена на МНТ на 2. октомври со „Архангел”

  • „Пијан Славеј“ на летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ

На 2. октомври со почеток во 21:00 часот на летната сцена „Славиша Кајевски”, при Македонскиот народен театар, концерт ќе одржи највлијатената музичка фигура на урбаниот културен живот во Македонија „Архангел”. Концертот насловен „Македонски подобро звучи – Едиција 4” е подржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Македонскиот народен театар со што свечено ќе се затвори првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски”. Билетите се достапни како и секогаш во онлајн продажба преку веб-страницата на МНТ, , како и на билетарницата, која отвора секој работен ден од 12:00 часот.

На летната Сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) вечер ќе настапи „Пијан Славеј“, музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски со нивната нова македонска шансона, која го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.