Иран и Израел разменија нови напади утрово, еден ден откако Техеран изјави дека нема да преговара за својата нуклеарна програма додека е под закана, а Европа се обиде да ги одржи мировните преговори, пренесува Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот на „Волстрит журнал“ дека ги одобрил американските планови за напад врз Иран, велејќи дека весникот „нема поим“ што мисли тој за израелско-иранскиот конфликт.
Кратко по предупредувањето, армијата објави дека жителите можат безбедно да ги напуштат засолништата за бомби.
Директорката на американската национална разузнавачка служба, Тулси Габард, сега тврди дека Иран би можел да произведе нуклеарно оружје „во рок од неколку недели“.Во март, таа пред сенатскиот комитет изјави дека Иран не развива нуклеарно оружје.