1 (39) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Jun 01:31 -> 21-Jun 21:07
.
.
.
.

Пред било кој прес да го направат за РЕК Битола, нека кажат каде е Васко Ковачевски кој е во бегство поради криминалите во РЕК

  • СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола е во колапс поради криминалните зделки на ВМРО ДПМНЕ

  • СЕ СОМНЕВАМЕ НА САБОТАЖА ВО РЕК, МВР го испитува случајот

  • АД ЕСМ: При испадот на Блок 2 од мрежата немаше хаварија, извесно е дека ни се случи саботажа

Васко Ковачевски избега од државата поради криминал од невидени размери во РЕК Битола, а тој беше поставен од СДС на таа функција како нивен член, се наведува во реакцијата на прес конференција на СДСМ.

РЕК Битола веќе неколку дена е во колапс заради криминалните зделки и тендери на ВМРО-ДПМНЕ.

Постои основано сомнение дека е можно во раните утрински часови пред два дена да се случила саботажа во РЕК Битола.

Техно Коп Плус ДООЕЛ Битола е избрана за компанија за технолошко чистење, откако ги исполнила сите наведени критериуми по јавниот повик.

3 (107) ■ вести > македонија > хроника ■ 19-Jun 02:33 -> 21-Jun 18:26
.
.
.
.

Манев го откри ЧОВЕКОТ КОЈ ГО УНИШТИЛ СИНИОТ РАНЕЦ со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

  • Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

  • Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

  • Вработениот во Народната банка се сомничи дека го зел синиот ранец со пиштолот со кој се убиени Вања и Панче, покрената е истрага

Обвинетиот Велибор Манев на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, го откри идентитетот на лицето кое добило задача од Палевски да го земе и да го уништи или скрие синиот ранец каде бил пиштолот и моторолите користени во двата кривично правни настани.– Ова е последната коцка од сложувалката.

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако на изминатото рочиште одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда.

Oсновниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ќе ја донесе конечната пресуда за петмината обвинети за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, откако денеска одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски и другите обвинети во случајот ги дадоа своите завршни зборови.

Обвинителството покрена истрага за помагање за З.Д., вработениот во Народната банка, член на партијата на Љупчо Палевски, Десна, кој беше посочен oд Велибор Манев како човекот кој го зел ранецот со пиштолот и моторолите – клучни докази за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

4 (92) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Jun 00:40 -> 21-Jun 21:14
.
.
.
.

Филипче: Мицкоски фантазира за успеси, граѓаните бројат денови до плата

  • ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите

  • „Сценарио за дестабилизација скроено во Дубаи“: ВМРО-ДПМНЕ бара Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

  • Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче

„Со жалење можам да констатирам дека за првпат во плурализмот од ’91-ва година наваму, како никогаш досега, граѓаните за толку кратко време не посакуваат нови политики,“ изјави потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членови на партијата во Струга.

Ова не се кандидати на партиската база на СДСМ, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ после објавувањата на повеќе имиња кандидати за градоначалници на СДСМ.

СДС повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв.

СДС влегува во сериозно смислено сценарио за дестабилизација во Кочани, со цел спас на Венко Филипче, кој има очајно низок рејтинг и на кого му се заканува дебакл на локалните избори.

7 (102) ■ вести > свет > еу ■ 19-Jun 01:00 -> 21-Jun 21:30
.
.
.
.

Трамп не сака да врши притисок врз Израел: Зошто да барам прекин на огнот кога тие победуваат?

  • Блумберг: САД подготвуваат напад врз Иран во наредните денови

  • Трамп: Немаат поим што јас мислам за конфликтот меѓу Израел и Иран

  • Белата куќа: Иран е способен да произведе нуклеарна бомба за „неколку недели“

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе биде тешко за Израел да ги запре нападите врз Иран во овој момент, една недела од интензивниот конфликт меѓу двете земји и две недели пред претседателот да донесе одлука за вмешаноста на САД.„Мислам дека е многу тешко да се постави тоа барање сега“, рече тој кога беше прашан за изјавата на иранскиот министер за надворешни работи дека САД ќе го повикаат Израел да ги запре воздушните напади ако Трамп е сериозен во врска со разговорите.„Ако некој победува, тоа е малку потешко да се направи отколку ако некој губи, но ние сме подготвени, желни и способни, разговараме со Иран и ќе видиме што ќе се случи.

Американските претставници подготвуваат можен напад врз Иран во наредните денови, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ова прашање.

Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот на „Волстрит журнал“ дека ги одобрил американските планови за напад врз Иран, велејќи дека весникот „нема поим“ што мисли тој за израелско-иранскиот конфликт.

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје за „неколку недели“, соопшти Белата куќа.

9 (24) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 20-Jun 05:23 -> 21-Jun 19:00
.
.
.
.

МОН подготвува препораки за примена на вештачката интелигенција во образованието

  • Министерката Јаневска ќе учествува на дводневен самит за образовни технологии во Истанбул

  • Јаневска: Следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем е воведување на вештачката интелигенција

Advertisement - Министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека работна група на Министерството за образование и наука (МОН) со професори од факултети по информатика, работи на подготовка на документ со насоки и посебни препораки за наставниците и учениците за примена на генеративна вештачка интелигенција во процесот на образованието.

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на 6. Меѓународен самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул, од 20 до 22 јуни 2025 година, во организација на Министерството за национално образование и наука на Република Турција.

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија.

16 (14) ■ вести > македонија ■ 21-Jun 11:31 -> 21-Jun 16:30
.
.
.
.

„ПРОДОЛЖУВАМ ДА ГИ КОРИСТАМ СИТЕ КОНТАКТИ ЗА ДА ЈА РАСКАЖАМ МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА“: Мицкоски телефонски разговараше со Пленковиќ

  • Мицкоски: Македонија заслужува членство во Европската унија, но со крената глава!

Добивај вести на Viber Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во телефонски разговор со премиерот Христијан Мицкоски му дал поддршка за евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека земјава го заслужува членството во ЕУ. За телефонскиот разговор информираа двајцата премиери на нивните социјални медиуми.-Имав телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, Во пресрет на извештајот на Европскиот парламент, продолжувам да ги користам сите контакти за да ја раскажам македонската вистина - за нашиот напредок, за вредностите што ги браниме и за иднината што ја заслужуваме, нагласи Мицкоски на Фејсбук.

На својот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски објави дека имал телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска.

18 (47) ■ вести > македонија > хроника ■ 19-Jun 06:04 -> 21-Jun 23:10
.
.
.
.

Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна

  • ВМРО - ДПМНЕ: Пресудите за Рамиз Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица

  • Со завршен збор на одбраната, продолжува судењето против Мерко за поставувањето директори на четири училишта

  • За Мерко само парична казна за незаконското поставување директори во неколку училишта

Судот во Струга го прогласи за виновен градоначалникот Рамиз Мерко по обвинението за извршено кривично дело „несовесно работење во службата“, односно за сторени нерегуларности при назначувањето вршители на должност директори на општински основни училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци.

„Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица се заштитници на криминалот на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Одбраната на градоначалникот на Струга Рамис Мерко денеска во Основниот суд во Струга треба да даде завршен збор за четирите споени предмети кои се водат против него за незаконско поставување директори во основните училишта „Гоце Делчев“ во Подгорци (два предмети), „Мурат Лабуништи“ во Лабуништа и „Ашим Агуши“ во Радолишта.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е осуден само на парична казна од 100 дневни глоби од по 100 евра или вкупно 10 000 евра што треба да ги плати за незаконско поставување на директори во основните училишта во селата Подгорци, Лабуништа и Радолишта.

Повеќе од
оваа категорија

23 (37) ■ спорт > фудбал ■ 19-Jun 09:30 -> 21-Jun 20:00
.
.
.
.

Вирц е само загревање: Ливерпул подготвува нова „бомба“ од 117 милиони евра

  • Ливерпул го потврди најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата

  • Каков ден за Ливерпул - доаѓаат Вирц, Керкез, но и неочекуван стопер од Лондон!

  • Борнмут и Ливерпул го договорија трансферот на Керкез

Флоријан Вирц не е единствениот фудбалер кој ќе го засили Ливерпул во овој преоден рок, и тоа за преку 100 милиони евра.

Ливерпул во петокот го потврди потпишувањето на 22-годишниот офанзивен фудбалер Флоријан Вирц од Баерн Леверкузен за рекордна сума во Премиер лигата, проценета помеѓу 135 и 150 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите.

Каков ден за Ливерпул – доаѓаат Вирц, Керкез, но и неочекуван стопер од Лондон.

Милош Керкез, унгарски фудбалер од српско потекло, го договори трансферот во Ливерпул.

41 (50) ■ спорт > фудбал ■ 19-Jun 05:45 -> 21-Jun 12:30
.
.
.
.

Мбапе излезе од болница и им се приклучи на соиграчите од Реал Мадрид

  • Мбапе е хоспитализиран во САД

  • Килијан Мбапе итно хоспитализиран во САД

  • Белата точка е црна за Реал сезонава: Утнаа 7 пенали, најмногу меѓу европските гиганти

Килијан Мбапе кој вчера беше хоспитализиран, се врати во тренинг кампот на Реал Мадрид и таму ја продолжува рехабилитацијата.

реклама:Килијан Мбапе не само што не беше дел од тимот на Реал Мадрид синоќа во ремито против Ал Хилал, туку, од клубот предмалку објавија дека тој е хоспитализиран за време на престојов во САД.

Реал Мадрид донесе одлука да го префрли својот најдобар фудбалер Килијан Мбапе, каде што ќе биде под надзор и подложен на дополнителни тестови, откако е откриено дека францускиот напаѓач има акутен гастроентеритис.

Реал Мадрид синоќа во 90-тата минута пропушти идеална шанса да победи против Ал-Хилал на дуелот од Светското клупско првенство, пеналот не го искористи Федерико Валверде, кој ја носеше капитенската лента.

Повеќе од
оваа категорија

176 (10) ■ бизнис > економија ■ 19-Jun 15:16 -> 20-Jun 07:32
.
.
.
.

Амбасадорска посета на ТИТАН Усје: Иновациите и одржливите практики во фокусот на 70-годишниот јубилеј

  • ▷ 📷 АМБАСАДОРСКА ПОСЕТА НА ТИТАН УСЈЕ Иновациите и одржливите практики во фокусот на 70-годишниот јубилеј

По повод јубилејот – 70 години од основањето на компанијата, ТИТАН Усје беше домаќин на висока дипломатска делегација составена од амбасадорот на Европската унија, Михалис Рохас, амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Чанел и амбасадорката на Грција, Софија Филипиоду.

По повод јубилејот – 70 години од основањето на компанијата, ТИТАН Усје беше домаќин на висока дипломатска делегација составена од амбасадорот на Европската унија, Михалис Рохас, амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Чанел и амбасадорката на Грција, Софија Филипиоду.

296 (5) ■ сцена > филм ■ 19-Jun 10:07 -> 21-Jun 08:45
.
.
.
.

Од 23 до 30 јуни недела на франкофонски филм во Кинотека на Македонија

  • ▷ Недела на франкофонски филм од 23 до 30 јуни во Кинотека

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Македонија, Албанија, Белгија , Франција и Канада) и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 23 до 30 јуни 2025 година, во Кинотеката на Македонија.

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Северна Македонија, Албанија, Белгија, Франција и Канада) и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 23 до 30 јуни, во Кинотеката на Северна Македонија.