Уапсен вработениот во Народна Банка за кого Велибор Манев, еден од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска во судница рече дека е „човекот што го уништил пиштолот со кој Љупчо Палевски ги убил Вања и Панче“.Од Обвинителството потврдија дека лицето е лишено од слобода и дека се преземаат и други дејствија.
Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако на изминатото рочиште одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда.
Обвинетиот Велибор Манев на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, го откри идентитетот на лицето кое добило задача од Палевски да го земе и да го уништи или скрие синиот ранец каде бил пиштолот и моторолите користени во двата кривично правни настани.– Ова е последната коцка од сложувалката.
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште во својот завршен збор во Основниот кривичен суд за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, побара ослободителна пресуда за првообвинетиот Љупчо Палевски, посочувајќи дека Основното јавно обвинителство не ја докажало вмешаноста на Палевски во двата кривично правни настани.