На самитот во Хаг, лидерите на НАТО усвоија декларација со која земјите-членки се обврзуваат да инвестираат 5% од својот БДП годишно во одбрана и безбедност до 2035 година, со цел да ги исполнат индивидуалните и заедничките обврски.
Историјата покажа дека кога Северна Америка и Европа работат заедно тоа претставува добитна комбинација и нашите противници го знаат тоа, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте во воведното обраќање на стартот на работниот дел од Самитот на Пактот што се одржува во холандскиот град Хаг.
Facebook/Gordana Siljanovska Davkova Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и министерот Тимчо Муцунски денес имаа средба со претседателот на САД, Доналд Трамп, на Самитот на НАТО во Хаг.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека европските сојузници не треба да се грижат за посветеноста на САД кон НАТО.