1 (43) ■ вести > свет ■ 30-Sep 10:45 -> 01-Oct 20:30
.
.
.
.

Експлозии над Ерусалим, од Иран кон Израел лансирани повеќе од сто проектили

  • Канани: Иран нема да остане без одговор на израелските криминални постапки

  • Американски претставник вели дека Иран ги информирал „меѓународните страни“ за големината и времето на нападот

  • Висок функционер на Белата куќа предупреди дека Иран подготвува ракетен напад врз Израел

Експлозии се регистрирани над израелскиот град Ерусалим, јавија западни медиуми.

Иранското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека земјата нема да ги остави без одговор „криминалните активности на Израел“.

Иран ги информирал „меѓународните страни“ за големината и времето на неговиот очекуван напад врз Израел, изјави претставник на американското Министерство за одбрана за Скај Њуз Арабија.

Неименуван висок функционер на Белата куќа изјави дека „САД имаат индиции дека Иран се подготвува наскоро да изврши напад со балистички ракети врз Израел“, пренесе АФП.

2 (60) ■ вести > македонија > политика ■ 29-Sep 09:59 -> 01-Oct 19:57
.
.
.
.

Филипче: Францускиот предлог е голема победа на нашата дипломатија

  • (ВИДЕО) Филипче: На Мицкоски во Брисел му кажале да не смета на уставни измени со одложено дејство

  • СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

  • Филипче: 100 дена ВМРО-ДПМНЕ – Ниту повисоки плати, ниту заштита на животниот стандард

Опозицискиот лидер Венко Филипче смета дека францускиот предлог е врвот на македонската дипломатија и дека Македонија на тоа треба да гледа како на победа -Тој француски предлог е еден сплет на комплексни документи, во кој што влегува и преговарачката рамка, влегува и договорот за добрососедство.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека на премиерот Христијан Мицкоски на разговорите со челниците на Европскиот совет му било кажано дека не може да смета на тоа уставни измени да се донесат и прифатат со одложено дејство, ниту менување на преговарачката рамка.

Од СДСМ велат дека раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во првите 100 дена не само што не го исполни ветувањето за раст на платите, туку просечната плата за прв пат после седум години бележи намалување, а не се зголеми ниту минималната плата.

3 (53) ■ вести > македонија > политика ■ 30-Sep 10:02 -> 01-Oct 19:06
.
.
.
.

Покажавме дека сме одлучни и посветени да се справиме со предизвиците

  • Мицкоски: За 100 дена реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки

  • Мицкоски: Владината коалиција е стабилна, ни треба силна и конструктивна опозиција

  • Не добивме ниту еден предлог за правосудните реформи, почнуваме да го развиваме нашиот систем на реформи, најави Мицкоски

Првите 100 дена од изборот на новата Влада не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни – каде сме и каде треба да одиме и што е потребно за да стигнеме таму.

Првите 100 дена од изборот на новата Влада не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни – каде сме и каде треба да одиме и што е потребно за да стигнеме таму.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во обраќањето по повод 100 дена Влада повторно нагласи дека владината коалиција е стабилна и дека и покрај различните мислења за одредени прашања, сепак сите коалициони партнери се обединети околу стратешките прашања.

Рокот до 30 септември што го даде Владата помина, но за жал до нас не стигна ниту еден конкретен предлог како треба да се одвива реформата во нашиот правосуден систем.

5 (45) ■ вести > свет > нато ■ 30-Sep 08:06 -> 01-Oct 18:21
.
.
.
.

Руте: НАТО ќе се посвети на изградба на побезбеден свет за нашите граѓани

  • Столтенберг денеска му ја предава функцијата генерален секретар на НАТО на Руте

  • Руте: НАТО ќе продолжи да ги брани нашите луѓе, земји и иднина

  • Столтенберг: Членките на НАТО не треба да се откажат од испраќање помош за Украина поради реториката на Путин

Сојузниците во НАТО се соочуваат со сериозни предизвици и мора да работиме на справување со нив, согласно определбата за изградба на побезбеден свет за милијарда наши граѓани, порача новиот генерален секретар на Алијансата, Марк Руте, на прес-конференција во Брисел по неговото денешно стапување на должноста.

Еден од генералните секретари на НАТО со најдолг мандат, Јенс Столтенберг, денеска ќе му ги предаде должностите на поранешниот холандски премиер Марк Руте, во време кога Алијансата се соочува со некои од најголемите предизвици во својата историја.

Мораме да обезбедиме Украина да опстои како суверена демократска држава, да ги зголемиме издвојувањата за одбранбените трошоци и да зајакнеме нашата колективна одбрана, порача новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на церемонијата на примопредавање на должноста со досегашниот прв човек на Алијансата, Јенс Столтенберг во седиштето на Пактот во Брисел.

Членките на НАТО не треба да се откажат од испраќање поголема воена помош за Украина поради непромислената нуклеарна реторика на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска во интервју за Ројтерс генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг.

9 (8) ■ вести > македонија > политика ■ 01-Oct 10:52 -> 01-Oct 18:43
.
.
.
.

ЛДП: Обединети сме, нема внатрешни конфликти

  • Тензии во ЛДП – Зајкова распушта општински организации, додека се додворува на ВМРО-ДПМНЕ

Либерално-демократската партија (ЛДП) остро ги демантира тврдењата објавени во медиумите, според кои постои внатрешно незадоволство во партијата поради наводно распуштање на одредени општински организации.

Раководството на Либерално демократската партија распуштило четири општински организации на партијата по образложение дека тие не учествувале активно во кампањата на последните парламентарни избори Во ЛДП брифираат дека на последната седница на Централниот одбор на ЛДП, наместо кон понесување одговорност на претседателката и генералниот секретар на партијата, раководството за изборниот пораз прстот го вперило кон претседатели и раководства на општински организации кои оствариле добар резултат.

11 (20) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 29-Sep 11:56 -> 01-Oct 17:35
.
.
.
.

18-годишник од Липково прегази девојка, па избега

  • Куманово: Малолетник итно пренесен во болница – бил прегазен додека возел велосипед

  • Тинејџер со возило удрил пешак, па избегал од местото на несреќата

Вчера во 20.38 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(18) од село Никуштак, општина Липково, удрило во Е.Р.(21) од Куманово, по што го напуштило местото на настанот.

Вчера во 16.15 часот во СВР Куманово, било пријавено дека на крстосница од ул. „315“ и ул.„312“ во Куманово, патничко возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(28) од с. Долно Којнаре, кумановско, удрило во велосипед управуван од малолетник од с.Лопате, општина Липково.

На 30.09.2024 во 20:38 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(18) од село Никуштак, општина Липково, удрило во Е.Р.(21) од Куманово, по што го напуштило местото на настанот.

12 (76) ■ вести > свет ■ 29-Sep 07:56 -> 01-Oct 19:43
.
.
.
.

Израел започна „ограничена“ копнена офанзива против Хезболах во јужен Либан

  • ИДФ: Во нападот во Бејрут убиен уште еден командант на Хезболах, Набил Каук

  • Мора да се избегне сеопфатна војна, кажа Бајден за нападите меѓу Хезболах и Израел

  • ИДФ: Заврши широкиот бран напади врз штабовите на Хезболах низ Либан

Израел започна нова фаза од војната против Хезболах додека израелските одбранбени сили тргнаа на копнен упад во јужен Либан, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на прес-службата на ИД. „ИД пред неколку часа започна целна и ограничена копнена операција во областа на јужен Либан против терористички цели и инфраструктури на терористичката организација Хезболах, во голем број села во близина на границата, кои претставуваат непосредна и реална закана за израелските населби. на северната граница“, се вели во соопштението објавено рано во вторник по локално време.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека уште еден висок функционер на Хезболах, командантот Набил Каук, бил убиен во синоќешниот воздушен напад врз Бејрут.

Заменик-шефот на Хезболах рече дека милитантната група со седиште во Либан е подготвена да ја продолжи својата борба против Израел и е подготвена за долга војна.

Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека заврши широкиот бран напади врз командните простории на Хезболах низ Либан.

Повеќе од
оваа категорија

37 (34) ■ спорт > фудбал ■ 29-Sep 22:35 -> 01-Oct 18:47
.
.
.
.

На дербито во Мадрид од сè по нешто: прекини, црвени, ножеви, запалки и фекалии до реми во 95-та

  • Навивачот кој го прекина дербито имал нож. Полна вреќа „проектили“ до Куртоа

  • Симеоне: Куртоа да биде казнет поради провокација на нашите навивачи

  • Куртоа во вчерашното дерби и се повредил: Го чека пауза

Атлетико и Реал одиграа долго и тензично дерби кое заврши 1:1 и кое во еден момент беше во прекин, поради разно разни предмети кои летаа кон Тибо Куртоа.

Атлетико и Реал Мадрид одиграа 1:1 во хаотичното дерби од 8. коло на Ла Лига по прекин на натпреварот на околу 15 минути.

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, повика голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа да биде казнет затоа што ги провоцирал домашните навивачи на синоќешното градско дерби.

Тибо Куртоа ќе биде надвор од терените две-три недели, потврди Реал Мадрид.

Повеќе од
оваа категорија

120 (4) ■ магазин ■ 30-Sep 14:56 -> 01-Oct 16:25
.
.
.
.

Ристо Самарџиев е главен вокал во новата песна на „Меморија“

  • АУДИО| „Меморија“ со песна „малер убива“ и повикува – „За добро да е“

Во пресрет на големиот концерт кој ќе се одржи во Арена Борис Трајковски во Скопје, на 16-ти ноември, рок бендот ,,Меморија” сними нова песна.

Легендарната македонска група Меморија во пресрет на својот голем славенички концерт закажан за 16-ти ноември 2024 во арената „Борис Трајковски“ по повод 40 години од своето постоење, во етер пушти уште една нова, петта по ред песна насловена „За добро да е“. Овој пат во прашање е нова авторска песна, чиј автор е новиот гитарист на бендот Рубин Димковски, додека автор на текстот е Душко Темелковски, некогашниот пејач на прилепската група „Бен Хур“.Песната е стилски поинаква од сето она што досега групата го работела, во брз ска ритам, но со мошне заразен и певлив хорски рефрен и стихови од кои извира чиста позитива, што и тоа како ни е потребно, на сите нас, во овие матни времиња.