1 (17) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Oct 19:39 -> 16-Oct 21:21
.
.
.
.

Обвинител и екипи на МВР вршат увид на местото на сообраќајката на автопатот Скопје – Велес, повикан и вештак

  • Бројот на загинати во сообраќајката кај Катланово се искачи на четири лица

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР вечерва вршат увид на лице место на сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес, информира ЈОРМ.

Расте бројот на загинати во денешната сообраќајка на автопатот Скопје – Велес, кај Катланово.

3 (34) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Oct 11:32 -> 16-Oct 21:54
.
.
.
.

Филков: Почнавме реформи со кои е поставена основата за длабоки и влијателни промени во судство

  • Филков: Пред да замине од функцијата, Лога си ги зел документите со препораки од Оценската мисија на ЕУ

  • Филков: Документот од Оценската мисија на Европската комисија е земен од мојот претходник

  • Филков: Лога си ja зел со себе целата документација, ги нема ни препораките на ЕК

Министерот за правда Игор Филков во отчетот за сто дена Влада соопшти дека се поставени темелите за реформи во судскиот систем кои, рече, треба да бидат длабоки, суштински и влијателни со оглед на тоа што судството е областа каде државата имаше најмногу критики и поради коментарите за зголемена корупција во правосудните институции.

Пред да замине од функцијата, ексминистерот за правда Кренар Лога, од кабинетот во Министерството со себе го зел документот со препораки за Судскиот совет изработен од Оценската мисија на Европската комисија.

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција информираше дека документот со препораките од Оценската мисија на Европската комисија бил земен од претходниот министер за правда.

Многу споменуваниот документ за препораките на Оценската мисија на ЕУ не е на располагање во Министерството, изјави денеска министерот за правда, Игор Филков, за време отчетотот за „Стоте дена Влада“ дека.

5 (24) ■ вести > свет ■ 15-Oct 20:58 -> 16-Oct 20:50
.
.
.
.

Зеленски го претстави „планот за победа“ во украинскиот Парламент

  • Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

  • Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, го повика Зеленски на самиот на лидерите на ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Врховната рада го претстави „планот за победа“, кој се состои од пет клучни точки, пренесува Киев Индипендент.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го претстави долгоочекуваниот украински „план за победа“, но некои делови останаа доверливи, јавуваат украинските медиуми.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска го покани претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на самитот на лидерите на земјите-членки на ЕУ. „Го поканив претседателот Володимир Зеленски на самитот на Европскиот совет во четврток, 17 октомври, за да ги разгледаме најновите настани во руската војна против Украина и тој да го претстави својот план за победа“, напиша Мишел на платформата Х. Од 17 до 18 октомври во Брисел ќе се одржи состанок на Европскиот совет на кој лидерите на ЕУ ќе разговараат за развојот на ситуацијата во Украина и за другите важни прашања од внатрешната и надворешната политика на Европската унија.

6 (155) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Oct 07:48 -> 16-Oct 17:06
.
.
.
.

ВЕЛИБОР МАНЕВ ОТКРИЛ КАДЕ Е ЗАКОПАНО ТЕЛОТО НА ПАНЧЕ Тој кажал во полиција дека Палевски пукал во Жежовски

  • Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

  • Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

  • Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Велибор Манев ги однел полицајците до местото Кула каде што било закопано телото на убиениот Панче Жежовски, рече Ристе Самарџиев, началник СВР Велес на денешното сведочење во случајот за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 77-годишниот фризер од Велес.

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во кои обвинетите Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов се изјаснија за невини.

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

7 (93) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Oct 07:24 -> 16-Oct 20:00
.
.
.
.

Мицкоски поголем оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

  • Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е голем пораз на Мицкоски, велат од СДСМ

  • Куса средба Мицкоски – Герапетритис на маргините на Самитот на Берлинскиот процес

  • Мицкоски на состанокот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес

Премиерот Христијан Мицкоски по учеството на самитот на Берлинскиот процес и остварените средби е поголем оптимист во однос на очекувањата за евроинтегративниот процес на земјава и е во дилема дали ќе го испрати најавеното писмо до Европската унија со кое ќе даде нови идеи за продолжување на преговорите.

Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е голем пораз на погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски и шефот на грчката дипломатија имале куса средба на маргините на Самитот на Берлинскиот процес, според фотографиите што на платформата Икс ги објави Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денес и утре се во посета на Берлин, Сојузна Република Германија каде ќе се одржи состанокот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.

8 (79) ■ вести > македонија ■ 14-Oct 09:51 -> 16-Oct 18:30
.
.
.
.

Јакимовски: Во февруари за сите десет училишта од МОН се добиени два милиони денари, а само за едно училиште сметката е околу 540 илјади денари

  • Грејната сезона во Скопје почнува утре, освен за учениците во Карпош: Општината ќе штеди на греење до 1 ноември

  • Јаневска: Очекувам сите училишта да имаат греење

  • Јакимовски: Владата да си го плати заостанатиот долг за греење на основите училишта во Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, денеска повторно го повика Министерството за образование и наука да ја исполни законската обврска и целосно да ги исплати трошоците за греење на десетте училишта во Општината.

Новата грејна сезона во Скопје ќе почне официјално утре, а ЕСМ ги советува граѓаните и фирмите да ги подготват своите системи за греење.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува сите училишта да имаат греење.

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски ја повика Владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8.3 милиони денари, затоа што локалната самоуправа не е должна да го прави тоа.

9 (21) ■ вести > македонија ■ 16-Oct 11:12 -> 16-Oct 18:06
.
.
.
.

Таксата на ЕУ за јаглерод диоксид ќе биде нов удар за цената на струјата во Македонија

  • Дополнителен час во евтина тарифа нема да има и покрај тоа што цената на берза е најевтина

  • Бислимоски: Цената на парното ќе биде стабилна, не очекувам никакви промени

Воведувањето на таксата за јаглерод диоксид која ЕУ ја планира од први јануари 2026 година ќе направи сериозен притисок на домашното производство на електрична енергија во Македонија, Србија, Косово, БиХ и Црна Гора со оглед на тоа дека базната струја се произведува во термоелектрани кои користат јаглен.

Дополнителен час во дневна евтина тарифа нема да има до крајот на оваа година и покрај тоа што цената на електричната енергија во периодот од 12 до 16 часот е најевтина на берзите.

Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето, освен ако не се случи драматична промена на цената кај природниот гас, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски и додаде дека сепак не очекува да има никакви промени.

11 (28) ■ вести > македонија > политика ■ 15-Oct 19:28 -> 16-Oct 10:55
.
.
.
.

Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката

  • Филипче: Законот за правична застапеност не може да се прави во партиски штаб на ВЛЕН

  • Филипче: СДСМ е консолидирана, во ноември ново раководство на партијата

Претседателот на СДСМ Венко Филипче објави дека е категорично против етнички поделби во науката по идејата за формирање паралелна академија за науки и уметности на Албанците.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Телевизија Сител, посочи на недоследностите во актуелната Влада во врска со носењето на нов Закон за правична застапеност откако Уставен суд го укина балансерот.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за телевизија Сител, изјави дека со неговото стапување на функцијата претседател на партијата, СДСМ забележала прекин на падот во рејтингот и дека започнала значајна консолидација.

12 (27) ■ вести > македонија ■ 14-Oct 13:49 -> 16-Oct 17:41
.
.
.
.

17 години непребол, 17 години без Тоше Проески

  • Седумнаесет години од загинувањето на Тоше Проески

  • Улрамаратонците пристигнаа во Нова Градишка, ќе го почнат 17-тиот маратон за Тоше

Се навршуваат 17 години од смртта на еден од најдобрите македонски пејачи Тоше Проески.

Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред седумнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Маратонците на 17-тиот ултрамаратон во чест на Тоше Проески пристигнаа во Нова Градишка, Хрватска и во попладневните часови ќе го почнат ултрамаратонот кој од Нова Градишка, преку Србија, во Македонија, на 16 октомври напладне треба да го завршат во Крушево, на 17-годишнината од трагичното загинување на нашата и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески.

13 (14) ■ вести > македонија ■ 15-Oct 13:34 -> 16-Oct 19:51
.
.
.
.

АХВ: Водата од ЈКПД Комуналец од Струмица не е безбедна за употреба

  • Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги доби резултатите од земените мостри вода од 8 мерни места во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор на АХВ на акумулацијата “Турија” на 4 овој месец, а од каде ЈКП “Комуналец” Струмица ја обезбедува водата за градскиот водовод во Струмица.

Јас сум оптимист дека после две или три последователни анализи на питката вода конечно ќе добиеме решение и од инспекторот од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со кој имаме добра соработка како институција, и во петок веќе да имаме решение дека водата во Општина Струмица и неколку населени места, која беше забранета по пријава од „Комуналец“, ќе може да се користи како питка вода, изјави денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија