Дополнително, им било речено: „Не можеме ние ништо, сè е до градската култура – сите жители треба да пазат да не прскаат толку за да имате вода вие горе.“ Жителите предупредуваат дека ова не е проблем на „елитата“, туку на обични семејства: „Реалноста што ја живееме ние од Водно – не елитата со базени, туку семејства со деца, постари луѓе, болни, кои веќе три дена не можат ни да се измијат, ни да исперат, а камо ли да залеат некое невино цвеќе кое исто така умира од жед.“ Поради, како што велат, игнорантскиот однос на институциите, жителите најавуваат дека во текот на денешниот ден ќе ја радикализираат својата реакција, со привремено блокирање на сообраќајот во овој дел од градот, сè додека не добијат конкретни одговори и решенија. Skopjeinfo