На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП пријавил кривично дело – „измама“ по чл. 247 ст.4 од Кривичниот законик на РСМ против лицето Д.И. (54) од село Трубарево, скопско.Имено, според пријавителот во период од 2022 до 2025 година пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти ги довел и ги држел во заблуда пријавителот и неговата сопруга М.Д. прикажувајќи се самиот себе како лице со посебни паранормални способности (наводен „бајач“, истерувач на духови и магии) , односно како “Божји човек” кој има моќ и сила да растури зла маѓија што наводно била направена над нивниот син и што наводно му го загрозувала неговото здравје и живот.
Полициски службеници од СВР Штип во соработка со ОВР Берово, СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција привеле 54-годишен жител на скопското село Трубарево, осомничен дека подолг временски период измамувал брачен пар од Берово, претставувајќи се како „бајач“ со натприродни способности.
фото: Пиксабеј Седумдесет и шест годишен беровчанец во СВР Штип пријавил дека бил измамен од 54 годишен бајач, од село Трубарево.