Германски државјанин што бил изгубен на планината Скопска Црна Гора вчера бил пронајден во координирана акција на повеќе македонски институции, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пријавата дека е изгубен лицето ја испратило на германската служба за помош на пат бидејќи немал македонски телефонски број.
Синоќа, беше успешно пронајдено изгубено лице на планината Скопска Црна Гора во координирана акција на АМСМ, МВР и на ЦУК, а по јавување на Германската служба за помош на пат.