Нова патека на Формула 1 во Мадрид ќе се вика „Мадринг“, соопштија денеска организаторите.
На новата патека во главниот град на Шпанија од следната година ќе се вози трка во шампионатот на Формула 1. Патеката е поставена околу делот од изложбените хали во близина на главниот аеродром во Мадрид, користејќи комбинација од постоечки патишта и специјално изградените делови на патеката. Sportski