Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараа за оружјето за воздушна одбрана и ескалацијата на руските напади врз Украина.
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои предлог-законот на претседателот Доналд Трамп, кој предвидува значителни даночни намалувања и кратења на трошоците во износ од 4,5 трилиони долари (3,8 трилиони евра). За законот гласаа 218 пратеници, додека 214 беа против.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е разочаран од телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи, како што посочи, се чини дека тој не сака да ја запре војната во Украина.
Откако „големиот, прекрасен“ закон тесно го усвои Сенатот, изменетата верзија беше испратена до Претставничкиот дом на гласање, а како што пишува АП, републиканците се соочуваат со предизвици во обидот да го усвојат пакетот за намалување на даноците и буџетот на претседателот Доналд Трамп, кој инсистира законот да биде усвоен до 4 јули.Усвојувањето на законот беше обележано со бројни пречки, од кои најзначајна беше несогласувањето меѓу самите републиканци, а гласањето, кое започна во среда навечер, беше продолжено до денес бидејќи неколку републиканци одбија да го поддржат законот.