Кинескиот лидер Си Џинпинг собра бројни странски гости на свеченоста, а на официјалната заедничка фотографија Вучиќ се наоѓа во последниот ред осамен и на маргините на колоната од светски лидери, далеку од Си и Путин.
„Ви благодарам уште еднаш за можноста да се сретнеме тука во Пекинг“, нагласи Вучиќ.
Претседателот на Србија денес пристигна во Пекинг, со што ја започна повеќедневната посета на Народна Република Кина, каде што, на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг, ќе присуствува на одбележувањето на 80-годишнината од победата во Втората светска војна.