Откако загуби во полуфиналето на УС Опен, Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, нагласи дека му е сè потешко да најде решение за Карлос Алкараз и Јаник Синер, но дека нема да се откаже и сака да продолжи да се бори. Во првите два сета, нивото на тенисот на Новак Ѓоковиќ беше импресивно, а потоа во третиот сет, возраста и повредите си го земаа данокот и беше јасно дека Карлос Алкараз ќе обезбеди пласман во финалето.
Од: А1он Двајцата најдобри светски тенисери во моментов се изборија за нов финален меч на Грен слем турнир. Тие во полуфиналните дуели одиграни ноќеска забележаа победи.
Од: А1он „Скандалозен почеток на учебната година во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде учениците од 6-то одделение се приморани настава да следат во руинирани подрумски простории, полни со влага, смрдеа и недостиг на природна светлина“ соопштија од Левица. Од партијата велат „овие услови се недостоинствени дури ни за затворски ќелии, а камо ли за деца кои треба да учат и да растат во здраво и безбедно училишно опкружување.
Фото: Левица-Аеродром Левица: Деца учат во влага и смрдеа во скопско училиште Учениците во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром учат во подруми со влага и смрдеа, објави денеска Левица. „Скандалозен почеток на учебната година во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде учениците од седмо одделение се приморани настава да следат во руинирани подрумски простории, полни со влага, смрдеа и недостиг на природна светлина.
Аферата за следење политичари, новинари бизнисмени од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), преку партиските седишта, сега се префрли во Собрание. Пратениците не можат да се договорат да направат надзор врз АНБ, откако излегоа информациите за следење.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре во 11 часот ја закажа седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежите за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. Како што информираат од собраниската прес-служба, со седницата ќе претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.
„Македонија е заглавена. Државата тапка во место, додека целиот регион – од Албанија до Црна Гора – забрзано се движи кон Европската Унија.
Венко Филипче - Претседател на СДСМ - Фото Слободен печат - Методи Здравев ВИДЕО | Филипче во интервју за „Слободен печат“: Сите политики одат во насока на тоа дека власта е договорена со големите бизниси Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, во интервју за „Слободен печат“ вели дека сите политики на власта одат во насока на тоа дека таа е „договорена со големите бизниси“. „Платите не растат.
Тешко повредена скопјанка при влегување во лифт во зградата на МРТВ Скопјанка на возраст од 52 години вчера завршила во болница откако се повредила при влегување во лифт во зградата на МРТВ. „На 03.09.2025 во 11:20 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена Е.Т.(52) од Скопје, која се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ“, информираа од полицијата.
52-годишна жена од Скопје завршила во болница откако се повредила при влегување во лифт во зградата на МРТВ. На 03.09.2025 во 11:20 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена Е.Т.(52) од Скопје, која се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ, информираа од полицијата.
Ја слушнав изјавата на Касами и можам да кажам дека, за жал, влегува во фолклорот на опозициската ДУИ без потреба. Моја препорака до него е дека етничките поделби и тензии не се алатка за да се привлече внимание во јавноста за да се добијат гласови, туку треба да зборува за проектите во Тетово кои заедно, со поддршка на Владата, се направени за сите, изјави Мицкоски во Брвеница Уште непочната кампањата за локалните избори, владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и Вреди си разменија „воспитни“, иако предизборно се договорија за меѓусебна поддршка во некои општини.
По изјавата на градоначалникот на општина Тетово и еден од лидерите на ВЛЕН, Биљал Касами дека не го поддржува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски за нов мандат во општина Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски вели дека е битно жителите на општина Брвеница да го поддржуваат градоначалникот. Сепак, премиерот го искритикува Касами.
Светот се збогува со човекот кој засекогаш ги промени модните правила. Италија и светот на модата се збогуваа со еден од своите најголеми визионери – Џорџо Армани, кој почина на 4 септември на 91-годишна возраст.
Модниот дизајнер Џорџо Армани почина на 92-годишна возраст. Неговата компанија ја потврди веста со кратко соопштение: „Со бескрајна тага, групацијата Армани ја објавува смртта на својот творец, основач и неуморна движечка сила: Џорџо Армани“.