Мајка и син од Сараево, Леѓиба и Горан Равлиќ, се осудени на по 45 години затвор поради свирепото убиство на сопругата на Горан – Нермина, јави „Н1“. Обвинителството ги товареше мајката и синот дека од средината на мај до 28 јуни минатата година, во стан во сараевската населба Пофалиќи, психички и физички ја малтретирале Нермина, а на крајот и ја убиле.