Синдикатите и деловните здруженија сметаат дека работниците од Балканот биле значајни за германската економија, а ограничувањето на влезот може да создаде проблеми за одредени индустрии.
Од друга страна, зголемувањето на трошоците за живот и намалените можности за вработување придонесуваат дел од македонските работници да се враќаат во земјата. Plusinfo
Со сегашните одредби, кои беа воведени во 2016 година, беше дозволено легално доаѓање на нискоквалификувани работници од БиХ, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и Северна Македонија, а квотата, по неколку години спроведување беше ограничена на 50.000 работници.
Новиот коалициски договор предвидува оваа бројка да се преполови и да се овозможи пристигнување на 25.000 работници годишно. Faktor
Со овие документи работникот може да оди во германскиот конзулат во својата земја и да побара работна дозвола.
Новата коалиција, под притисок на јавното незадоволство поради неконтролираната миграција, планира да преземе неколку мерки за намалување на притисокот врз германскиот миграциски систем, а едно од решенијата е намалување на бројот на работници од Западен Балкан. Iportal