Две јавни болници во Мадрид, Шпанија ќе примат на лекување седум лица повредени во стратотниот пожар во ноќниот клуб во градот Кочани, Северна Македонија, кои се очекува да пристигнат наскоро, објавија дневните шпански весници „ABC Madrid“ и „20Minutos“ повикувајќи се на информација потврдена од портпаролот на Владата на Шпанија Мигел Анхел Гарсија Мартин. Novamakedonija
Како што наведува ABC Madrid, станува збор за болниците во Ла Паз и Хетафе кои ќе ги отворат вратите за овие седум пациенти кои се тешко повредени во пожарот што во кочанската дискотека „Пулс“ минатата недела, на барање на македонските власти.
Од седумте трансфери кои се очекуваат наскоро, петмина ќе одат во болницата во Ла Паз и двајца во болницата Гетафе, која е меѓународно признат центар за лекување на изгореници. Netpress
Тој, како и другите, загина обидувајќи се да спаси други луѓе во ноќниот клуб, пишува шпанскиот весник.
Весникот „20Minutos“, наведува дека одделенијата за изгореници во јавните болници во Ла Паз и Гетафе во наредните денови ќе примат седум лица од Северна Македонија кои беа тешко повредени во пожарот што избувна за време на забава во ноќен клуб во североисточниот град Кочани минатиот викенд. Libertas
Амбасадата на Кралството Шпанија во земјава објави дека седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани денеска, попладне, се транспортирани за Шпанија со медицински авион од Норвешка. A1on
„По трагедијата во Кочани, медицински авион обезбеден од Норвешка полета од Скопје за Мадрид, превезувајќи седум повредени кои ќе добијат медицинска помош во болниците во Ла Паз и Хетафе.
Шпанија секогаш блиску до Северна Македонија и се солидаризира со жртвите од пожарот“, стои во објавата на „Х“ на Шпанската амбасада во Македонија. Faktor