На четвртата меѓувладина седница помеѓу Албанија и ЕУ, беше отворен Кластерот 2, кој ги вклучува поглавјата 1 (слободно движење на производи), 2 (слободно движење на работници), 3 (право на основање бизнис и слобода на пружање услуги), 4 (слободно движење на капитал), 6 (право на трговски друштва), 7 (законодавство за трговски друштва) и 8 (заштита на интелектуална сопственост и здравјето на потрошувачите). Албанските медиуми пренесоа дека еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на прес-конференција изјавила дека планот е да се отворат сите кластери до крајот на тековната година, а веќе наредната година да се започне со финализирање на поглавјата. Biznisvesti