Во пресрет на утрешниот Совет за надворешни работи на ЕУ (ФАЦ), вечерва во Луксембург ќе се одржи неформална вечера на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија и на државите од Западниот Балкан. Novamakedonija
Освен за регионот, на седницата на ФАЦ ќе се дискутира и за најновите настани поврзани со Украина, за состојбата на Блискиот Исток, особено во Сирија, како и за врските меѓу ЕУ и Африка.
Предвидено е и министрите да ја одобрат „Заедничката позиција на ЕУ за контрола на извозот на оружје“. Biznisvesti