Во петок се очекува ЕСМ да ја достави својата понуда до Универзалниот снабдувач по што треба да биде донесена одлука за цената на електричната енергија.
На прес-конференцијата во Владата по потпишувањето на договорите за државна помош со компанијата „Бреинчајлд“, Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања се осврна и на претстојната средба со банкарите којашто, според најавите ќе се одржи во недела, а на која ќе се разговара за условите под кои ќе се дава унгарскиот кредит на бизнис секторот. Denesen
Премиерот Христијан Мицкоски денеска како одговор на новинарско прашање рече дека ако има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата од јануари, тоа да биде од еден до три отсто. Faktor
На неколку дена пред доставување на понудата на Електрани на Македонија (ЕСМ) за цената на електрична енергија по која ќе ја испорачува до универзалниот снабдувач ЕВН хоум, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека од 1 јануари идната година не очекува сметките на граѓаните за струја да се зголемат повеќе од три отсто. Republika
Премиерот наведе дека АД ЕСМ е во процес на консолидација и дека очекува од 2026 да работи со добивка.
Цената на електрична енергија по која ЕСМ би му ја продавал на ЕВН Хоме од јануари би била, според негови проценки, помеѓу 58 и 60 евра од мегаватчас. Fokus
Очекувам, ако има зголемување, тоа да биде незначително во рамки од еден до три проценти, рече Мицкоски.
Очекува ЕСМ да биде целосно консолидирана на крајот на 2025 година или почетокот на 2026 година. Netpress
Кога ќе ги подготвите сите овие активности во овие 4,5 месеци, тогаш доаѓаме до она за кое што јас го говорам изминативе денови дека очекувам ако има да биде незначително, во рамките од еден до три проценти, не очекувам поголемо од тоа – рече Мицкоски.
На прашањето дали цената на струјата на ЕСМ и натаму ќе се одржува вештачки под производната цена за мегаватчас, со оглед на тоа што е повисока, а сега е 60 евра, Мицкоски рече дека ЕСМ има приходи од електричната енергија која што ја дава на ЕВН хоум, како и од системски услуги односно терциената енергија која што ја дава на МЕПСО и плус од загубите кои што ги продава и на МЕПСО и на дистрибутерот. Republika