Трагедијата во Северна Македонија повторно ја отвора дискусијата: за системи за откривање пожар што се деактивираат поради цигари, за опасните „фонтани“ со пиротехника, за бескрупулозните газди, кои ги затвораат излезите за итни случаи и за ослабените инспекциски служби, пишува онлајн изданието на грчкиот весник „То Вима“ што воедно е и еден од низата медиуми во земјата, кои по трагичниот пожар во Кочани, во изминатиот период го поставуваат прашањето: „Колку се безбедни ноќните клубови во Грција?“, јави дописничката на МИА од Атина.
Трагедијата во Кочани ја отвори дискусијата за тоа колку во земјата се почитуваат и спроведуваат сите правила и прописи во дискотеките, медиумите анализираат што предвидуваат соодветните законски одредби за безбедност и противпожарна заштита, но и каква е реалната ситуација на терен, а паралелно од Министерството за цивилна заштита на Грција, во вторникот, на само два дена по пожарот, најавија спроведување вонредни контроли во ноќните клубови. Nezavisen
Трагедијата во Северна Македонија повторно ја отвора дискусијата: за системи за откривање пожар што се деактивираат поради цигари, за опасните „фонтани“ со пиротехника, за бескрупулозните газди, кои ги затвораат излезите за итни случаи и за ослабените инспекциски служби, пишува онлајн изданието на грчкиот весник „То Вима“ што воедно е и еден од низата медиуми во земјата, кои по трагичниот пожар во Кочани, во изминатиот период го поставуваат прашањето: „Колку се безбедни ноќните клубови во Грција?“, јави дописничката на МИА од Атина. Nezavisen
Претседателот на Здружението на дипломирани пожарникари и подофицери во противпожарната служба на Грција, Андонис Кукузас, за „Скај“ објасни дека за клуб со капацитет од 1.500 лица задолжителни се пет јасно обележани излези на кои врати се отвораат кон надвор, но доста често во дискотеките се блокирани, со декор, со завеси и слично, но и додаде дека пиротехниката што се користи на торти и шишиња е забранета.
Правилата за противпожарната заштита во Грција, во однос на местата за јавни собири се многу строги и се според европските модели, објасни Кукузас. Nezavisen
Големата опасност од избувнување на опасен пожар во ноќните клубови и други места за јавни собири доаѓа главно од запаливи материјали за декорација, за реновирање на простори како дел од новата сезона или за планиран настан, кога не постои време за итни, теренски контроли од државните служби агенции.
И секако од нелегалната употреба на пиротехника. Civilmedia