Просечните бруто номинални плати се зголемија за 14,8 отсто на годишно ниво во првите осум месеци од 2024 година, посочува ЕК, додавајќи дека како резултат на структурни проблеми вработеноста веројатно нема значително да се зголеми во следните години.
Во есенската прогноза се предвидува подобрување на буџетскиот биланс, поттикнато од значителното зголемување на јавните приходи во првата половина од годината, делумно како резултат на законските измени за проширување на даночната основа, што стапија на сила во октомври 2023 година и во јануари 2024 година за Со ребалансот на Буџетот, новата Влада го зголеми планираниот фискален дефицит од 3,4 на 4,9 отсто од БДП, со цел да го приспособи на обврските главно поврзани со платите во јавниот сектор, новото ад-хок зголемување на пензиите во септември 2024 година и понискиот раст на БДП од очекуваниот. Libertas
Според ЕК, очекуваниот придонес за економскиот раст од изградбата на трансевропските коридори 8 и 10д, веројатно ќе се оствари во 2025 и 2026 година.
Се очекува зголемување на приватните инвестиции, а потрошувачката на домаќинствата веројатно повторно ќе се зголеми, главно поради брзото зголемување на платите и пензиите и падот на инфлацијата, предвидува ЕК. Нето извозот не се очекува значително да придонесе за економскиот раст во следните две години, како резултат на бавното економско закрепнување на главните извозни пазари, особено Германија. Libertas
Растот на БДП на Северна Македонија во следниот период ќе забрза умерено, главно поттикнат од зајакнувањето на приватната потрошувачка и зголемувањето на инвестициите, се наведува во есенската прогноза на Европската комисија за економските перспективи на членките на ЕУ и кандидати за членство за наредните две години. Civilmedia
Во документот се нагласува дека во случај на натамошни одложувања на проектите за патните коридор 8 и 10д или при неостварувањето напредок во менаџирањето со јавните инвестиции, инвестицискиот придонес во економскиот раст може да биде помал од очекуваниот.
Од друга страна, побрзата интеграција со ЕУ, поткрепена со структурни реформи, како што е предвидено со Планот за раст на ЕУ, може да ги зголеми извозот и продуктивноста, се заклучува во делот на есенските економски прогнози на ЕК за земјава. Libertas