„Ова е тој остаток од црвената буржоазија, ние во минатиот систем до 90-та имавме создадено црвена буржоазија која ја претставуваа комунистичките или социјалистичките директори, социјалистичките функционери и високите офицери во тогашната ЈНА, така се создаваше таа црвена буржоазија, која го окупира Водно и таму создаде своја енклава,“ вака претседателот на МААК, Страшо Ангеловски, гледа на дилетанското појавување на синот на Владо Бучковски од СДСМ кој со мегафон означи крај на протестот на „Кој е следен?“, за да следниот ден прес-конференција на Бихаќка на оваа тема одржи кој друг ако не Јон, синот на Љубомир Фрчкоски, поранешниот министер за внатрешни работи кој по атентатот врз претседателот Киро Глигоров небулозно и со преседан од партијата беше „награден“ со позиција министер за надворешни работи.
Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски објави дека се повлекува од функцијата во партијата, по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека бил виден како користи кокаин и го повикаа да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци.
Јон Фрчкоски на прес-конференции тврди дека селективна правда е неправда за случајот во Кочани, бидејќи ние со тоа се согласуваме, го прашуваме Јон дали тоа што користи е наркотична супстанца кокаин?