Малку фалело да дојде до физичка пресметка помеѓу пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи и Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, за време на расправата за Буџетот во Собрание.
Инцидент ја одбележа расправата за Предлог-буџетот за 2025 година на Комисијата за финансирање и буџет, додека пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, беше на говорницата, извести ТВ 21. Битиќи, реплицирајќи на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, наеднаш го крена прстот кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и видно револтиран неколкупати повтори: „Те молам уште еднаш немој да го употребиш тој збор.