1 (47) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Mar 12:02 -> 25-Mar 13:28
.
.
.
.

Постапката за разрешување на Коцевски ќе се запре во моментот, рече премиерот Мицкоски

  • Ќе продолжат инспекциските контроли, кај 70-80 проценти од објектите воочени неправилности

  • Мицкоски: Ги поддржувам граѓаните кои одлучиле својот гнев да го изразат преку протести

  • Локалите ќе добијат колку што им е потребно време за да ги исполнат условите, дотогаш нема да работат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител ќе се запре во моментот до таму каде што се наоѓа.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и понатаму ќе продолжат инспекциските контроли во сите јавни објекти низ државата.

„Ги поддржувам граѓаните кои одлучиле својот гнев да го изразат преку протести, но не ги оправдувам политичките глодари кои не сакаат силна влада“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

На сопствениците на угостителски објекти ќе им биде даден временски рок за да ги отстранат недостатоците или да го прилагодат објектот, изјави премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за мораториумот.

2 (8) ■ вести > македонија ■ 25-Mar 12:18 -> 25-Mar 13:30
.
.
.
.

Дурмиши: Проверката на минималните технички услови за работа ќе се врши пред издавање на лиценцата за работа

  • Дурмиши: Во Министерството се прават политиките и законите, а одговорноста е кај тие институции кои треба да бидат на терен и да вршат контрола

Министерството за економија и труд во наредниот период ќе изготви измени и дополнување на Законот за угостителска дејност во насока проверката на минималните технички услови за работа да се врши пред издавање на лиценцата за работа, како што беше пред 2008 година, најави денеска ресорниот министер Бесар Дурмиши.

Министерството за економија и труд во наредниот период ќе изготви измени и дополнување на Законот за угостителска дејност во насока проверката на минималните технички услови за работа да се врши пред издавање на лиценцата за работа, како што беше пред 2008 година, најави денеска ресорниот министер Бесар Дурмиши.

13 (6) ■ вести > македонија ■ 25-Mar 08:22 -> 25-Mar 13:18
.
.
.
.

Јаневска: Сто и триест психолози се достапни на учениците, студентите, децата во градинките и на граѓаните по несреќата во Кочани

  • Јаневска во Штип: 130 психолози обезбедуваат дополнителна психосоцијална поддршка за учениците, наставниците и за родителите по трагедијата во Кочан

Сто и триест психолози се на располагање за психолошка поддршка на учениците, студентите и на граѓаните во општините во Брегалничкиот регион, каде што има починати ученици и блиски во семејствата, како и повредени кои се наоѓаат на лекување, по големата трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Постојано се зголемува бројот на психолози што се вклучуваат во давањето психосоцијална поддршка за учениците, нивните родители и за наставниците по трагедијата во Кочани.

Повеќе од
оваа категорија

35 (19) ■ спорт > македонија ■ 24-Mar 19:18 -> 25-Mar 09:59
.
.
.
.

Се огласија од ФФМ по веста дека Дени Масев е приведен

  • Директорот на А репрезентацијата заврши во притвор и разрешен од функцијата

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи вечерва во врска со медиумските написи дека директорот на сениорската репрезентација Данчо Масев е приведен, истакнувајќи дека од пред извесен период е разрешен од должноста, а Федерацијата нема информации околу „личните постапки“ кои довеле до негово апсење.

Дени Масев, поранешен македонски репрезентативец пред една недела завршил во притвор, информира . Како што потврдуваат извори за „Слободен печат“ Масев во моментов се наоѓа во притвор, а според неофицијалните информации, тој се поврзува со групата на Раде Трајковски – Штекли, кој беше уапсен на почетокот на годинава под сомнение за трговија со дрога.

Повеќе од
оваа категорија

60 (13) ■ бизнис > економија ■ 24-Mar 08:27 -> 25-Mar 07:50
.
.
.
.

РКЕ: Работиме на сеопфатен пакет мерки со цел да ја подобри заштитата на корисниците

  • Инженерите со забелешки за фактурирањето на струјата на средба со Бислимовски

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) веќе извесно време работи на сеопфатен пакет мерки со цел да ја подобри заштитата на корисниците, вклучувајќи месечно евидентирање на броилата, како и повремена проверка на броилата по случаен избор кај одреден број корисници кои поднеле жалби до РКЕ, информираат од регулаторното тело за МИА.

Здружението Инжинери на Република Македонија (ИНРМ) најави дека денеска ќе одржи состанок со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски за да ги изнесат ставовите во врска со, како што посочуваат, штетните практики во фактурирањето на електричната енергија.