Зелениот картон (ЗК) е сеуште неопходен документ за влез со моторни возила во било која држава во Европа, како и во соседните Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ и Молдавија . Тој е во функција и е неизвесно кога и дали воопшто ќе има промени околу неговото користење.
Според Националното биро за осигурување прашањето за спојување на ЗК и вклучување на премијата од ЗК во полисата за осигурување од Автомобилска Одговорност е доста комплексно и сериозно прашање кое подлежи на меѓународна и домашна регулатива.