Активно работиме и посветени сме за достигнување на нашата цел – одржлив економски раст и енергетска независност на земјата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси, Сања Божиновска, на отворањето на пленарниот состанок на Секторската работна група за ИПА 3 – Прозорец 3: Зелена агенда и одржливо поврзување, со фокус на потсекторот Енергија, што денеска се одржа во свечената сала на Владата.
Денес, во свечената сала на Владата на Република Македонија, се одржа пленарниот состанок на Секторската работна група за ИПА 3 – Прозорец 3: Зелена агенда и одржливо поврзување, со фокус на потсекторот Енергија.