Активно работиме и посветени сме за достигнување на нашата цел – одржлив економски раст и енергетска независност на земјата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси, Сања Божиновска, на отворањето на пленарниот состанок на Секторската работна група за ИПА 3 – Прозорец 3: Зелена агенда и одржливо поврзување, со фокус на потсекторот Енергија, што денеска се одржа во свечената сала на Владата. Press24
Активно работиме и посветени сме за достигнување на нашата цел – одржлив економски раст и енергетска независност на земјата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси, Сања Божиновска, на отворањето на пленарниот состанок на Секторската работна група за ИПА 3 – Прозорец 3: Зелена агенда и одржливо поврзување, со фокус на потсекторот Енергија, што денеска се одржа во свечената сала на Владата.
На настанот, на кој учествуваа над 50 претставници од домашни и меѓународни институции, донатори, невладиниот сектор и бизнис заедницата, со дополнителни учесници кои го следеа состанокот онлајн, Божиновска ги презентираше целите и приоритетите на Министерството во насока на спроведување на реформите за одржлива енергетска транзиција. Nezavisen
При имплементацијата на енергетската политика, соработуваме со експерти, со нашите меѓународни партнери чија помош е витална за успешно спроведување на реформите, со академската и бизнис заедница, невладините организации, а се со цел транспарентност и успешност на зацртаните планови.
Целта е да имаме иновативни идеи и брза модернизација и унапредување на енергетскиот сектор, рече Божиновска. Nezavisen