Во заедничката акција што ја спроведоа Прилепска Пиварница, Пакомак и Ball Corporation под слоганот „Затвори го кругот, рециклирај за одржлива иднина“, процентот на рециклирање лименки се зголеми за импресивни 64 %, во рамките на системот Пакомак и брендот Прилепска Пиварница, од почетокот на кампањата, што потврдува дека граѓаните одлично реагираат на програмите за рециклирање и ја разбираат важноста на циркуларноста на алуминиумските лименки, изјави Александар Матески, директор за правни и корпоративни работи на Прилепска Пиварница. Fokus
„Ова е еден од начините да се придонесе за зачувување на природата, бидејќи со подигање на свеста за потенцијалот на рециклирањето, придонесуваме за намалување на отпадот и загадувањето на нашата животна средина.
Алуминиумот е многу стабилен материјал кој може повеќекратно да се рециклира без губење на квалитетот и својствата и затоа не треба да заврши на депонија, а особено не во природа“, изјави Јелена Петљански, менаџерка за одржливост и јавни работи во компанијата Ball Corporation и додаде: „Искористената лименка за пијалак, доколку влезе во процес на рециклирање, можно е повторно да се најде на полиците на продавниците и супермаркетите за 60 дена, а тоа навистина е така, што се потврдува со фактот дека во производите - лименките што ги произведува Ball Corporation - содржат 70% рециклиран материјал“. Faktor
На овој начин, клиентите се мотивираат да рециклираат, но и да ја променат нивната перцепција кога станува збор за искористената амбалажа - да ја гледаат како ресурс, што е, а не како отпад.
Во моментов, во Северна Македонија има мрежа од 63 машини за рециклирање, а Пакомак - националниот оператор за управување со отпад од пакување, постојано работи на проширување на постојната мрежа, која до крајот на годината ќе брои 70 машини за рециклирање. Faktor
„Бројот на потрошувачи, корисници, кои досега се вклучиле во акцијата е повеќе од 5.600, тие собрале околу 80.000 искористени лименки, кои ќе се рециклираат, а најревносниот потрошувач собрал неверојатни 1.335 лименки“, . Ball Corporation, светски лидер во производството на амбалажа - алуминиумски лименки за пијалaци, како и производи за лична и домашна употреба, кој својата лидерска позиција ја брани со иновации, одлични деловни односи со клиентите, како и одговорен однос кон животната средина, придонесе за реализација на акциите за рециклирање.
„Ова е еден од начините да се придонесе за зачувување на природата, бидејќи со подигање на свеста за потенцијалот на рециклирањето, придонесуваме за намалување на отпадот и загадувањето на нашата животна средина. Faktor