Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески е претседател и домаќин на Асоцијацијата на балканските комори (АБК) за тековнава година.
Во таа насока на почетокот од 2025 година во Скопје ќе се одржи работна средба на АБК на која ќе се разговара за развојот на инфраструктурата на Балканот во функција на развој на бизнисот, особено за железницата која е рак рана на транспортот како важна алатка во нашето работење. Faktor
Целта на Асоцијацијата е создавање интеграција и развој на стопанската соработка во регионот.
Членки на АБК, покрај Стопанската комора на Северна Македонија се и Стопанската комора на Албанија, Стопанската комора на Бугарија, Надворешно-трговската комора на БиХ, Стопанската комора на Црна Гора, Унијата на трговско-индустриските комори на Грција, Стопанската комора на Кипар, Стопанската комора на Романија, Стопанската комора на Србија, Унијата на коморите и стоковите берзи на Турција и Стопанската комора на Косово. Fokus