Со тоа падна во вода досегашната практика на која се навикнаа водечките бугарски политичари, тие да кажуваат што може, а што не може да прави земјава, а македонската влада беспоговорно да го исполнува тоа Уставните измени што Бугарија успеа да ги наметне како услов во преговарачката рамка се само една капка во морето на барања што официјална Софија има намера да ѝ ги испорача на земјава во текот на преговарачкиот процес со Европската Унија.
На самитот во Брисел присуствува и поранешниот бугарски премиер и лидер партијата ГЕРБ, Бојко Борисов кој вчера изјави дека разговарал со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта . На самитот во Брисел присуствува и поранешниот бугарски премиер и лидер партијата ГЕРБ, Бојко Борисов кој вчера изјави дека разговарал со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта за состојбата на државата на меѓународен план, но и за случувањата во врска со Македонија.