Владата и Министерството за енергетика немаат влијание врз работата на Регулаторната комисија за енергетика затоа што е таа е независно тело, но ќе иницираме предлог за обезбедување државен универзален снабдувач со струја, истакна министерката за енергетика Сања Божиновска, одговарајќи на прашањето од пратеникот Амар Мециновиќ дали ЕСМ, како производител на електрична енергија, може да биде избран за универзален снабдувач. Nezavisen
ЕСМ се најде во многу тешка состојба, после седум години имаме минус од 80 милиони евра, рече Божиновска, посочувајќи дека долговите на ЕСМ од 2 милијарди евра ќе бидат намалени на 1,6 милијарди евра.
Наведе и дека денеска е потпишан Договор за грант од ЕБОР за изградба на 30 мегавати во Битола и Осломеј и оти се разгледуават можностите за проектот Чебрен. Press24