Бројот на регистрирани земјоделци во земјава денес е околу 65.000, за разлика од пред десетина години кога изнесуваше 90.000, лозарството е во сериозен пад, а сточарството брои 140.000 грла крупен добиток иако пред речиси една деценија имаше 260 000, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
Трипуновски денеска, на прес-конференција, рече дека Владата се занимава со исплаќање заостанати субвенции кои требало да бидат тековно исплатени кон сите земјоделци.