Nezavisen
Најголем дел од домашниот буџет домаќинствата во просек трошеле на лична потрошувачка – 315 219 денари или 98,1 процент, потоа за отплата на кредити и заеми – 3 855 денари или 1,2 проценти, за загуби, подароци и слично – 853 денари или 0,3 проценти, за штедење – 718 денари и за членарина, даноци, царини и слично – 602 денари или 0,2 проценти од домашниот буџет, додека за издатоци за стан, куќа и имот само 127 денари.
Во делот на личната потрошувачка, најмногу средства или во просек над половина од вкупно потрошените домаќинствата одвојувале на храна и безалкохолни пијалаци – 160 987 денари, потоа за станарина и режиски трошоци – 28 655 денари или 8,9 отсто, за сообраќај – 18 854 денари или 5,9 проценти, за алкохолни пијалаци и тутун – 17 893 денар или 5,7 отсто, за останати стоки и услуги – 17 893 денари или 5,6 проценти, за облека и обувки – 14 368 денари или 5,2 отсто, за покуќнина и одржување на домот – 17 952 денари или 4,4 проценти, за ресторани и хотели – 12 922 денари или 4 отсто, за здравје – 10 573 денари или 3,7 проценти, за комуникации – 9 795 денари или 3 отсто, за рекреација и култура – 4 764 денари или 1,5 отсто и за образование – 313 денари или 0,1 процент од средствата за лична потрошувачка. Nezavisen