По непотпишувањето на Указот на Законот за заштита на децата од страна на претседателката на државата вечерва од Владата во изјава за МИА информираа дека Законот ќе се доработи и дека ќе биде доставен во Собранието во законските рокови.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 31 декември 2024 г. испратила известување до претседателот на Собранието Африм Гаши дека нема да го потпише указот за прогласување на Законот за заштита на децата, бидејќи според неа, изгласаните измени содржат повеќе спорни одредби.