Најмалку шест лица, од кои две деца, загинаа во крвавото дивеење што се случи попладнево во кафана во центарот на Цетиње, кога убиецот, чиј идентитет и е познат на полицијата, убил четворица мажи, а ранил уште двајца а потоа побегнал од местото на настанот.
Црногорската полиција објави фотографија од Ацо Мартиновиќ, осомничен за повеќекратно убиство во Цетиње, објави Вијести.ме. Во полициското соопштение пишува дека во пукање во угостителски објект Мартиновиќ убил најмалку четири лица, меѓу кои и членови на неговото семејство, по што вооружен го напуштил објектот и побегнал.
Околу половина час траел крвавиот поход на Ацо Мартиновиќ во Цетиње, при што на пет локации убил 12 жртви и ранил четири лица, пред специјалните полициски единици да го опколат . Околу половина час траел крвавиот поход на Ацо Мартиновиќ во Цетиње, при што на пет локации убил 12 жртви и ранил четири лица, пред специјалните полициски единици да го опколат во помошна зграда во близина на неговата семејна куќа, Мартиновиќ уби три жени, седум мажи и две деца во својот убиствен занес.
Осомничениот за повеќекратното убиство во Цетиње, Ацо Мартиновиќ (45) вечерва се обидел да се самоубие и починал при болничкиот транспорт, потврди министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Сарановиќ, пренесува РТЦГ.