Во Новата година со минимално зголемена цена на струјата, и понатаму дневна евтина тарифа од 13 до 15 часот.
Цената на електричната енергија за домаќинствата од денеска е поскапа за 0,92 проценти.
Просечно семејство кое досега имало сметка од 2.300 денари сега ќе треба да одвои само плус 21 денар за нејзино покривање.
Ова се овозможи откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) првпат го искористи контролниот механизам при определувањето на цената на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи зошто универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, побара цената на електричната енергија за домаќинствата од 1 јануари да се зголеми за 4,4 проценти. Nezavisen
Претходно РКЕ за седум проценти ја намали мрежарината, а ЕСМ понуди цена од 62 евра за мегават час и покривање на 100 проценти од вкупно планираните количини на тендерот на универзалниот снабдувач.
На почетокот на минатиот месец РКЕ донесе одлука со која цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија од 1 јануари се зголемува за 5,68 проценти, цената за дистрибуција на Електродистрибуција се намалува за 5,52 проценти, а цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО се зголемува за 19,8 проценти. Faktor
За 8 проценти од домаќинствата кои што имаат потрошувачка и во трет блок трошокот на месечно ниво се зголеми за 0,48 проценти, а за 4 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка и во четвртиот блок трошокот се зголеми за 0,57 проценти.
Да донесеме ваква одлука, каде што реално нема никакви промени ни овозможи тоа што на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум му дадовме насока 15 проценти од количините кои што не се обезбедени да ги набавува на берзата на електрична енергија што функционира во Македонија, во периодот кога цената на електричната енергија е близу до цената што ЕСМ ја понуди на тендерот од 60 евра за мегават час и дополнително измените на Законот за енергетика што поминаа во Собранието кои овозможија да се примени новата цена на маржата што сега е 9,9 проценти, а претходно беше 11,5 проценти, прецизира тогаш Бислимоски. Faktor
Во првиот блок е повисока за 0,68 проценти, во вториот за 0,9, во третиот за 1,93 и во четвртиот за 2,24 проценти, a евтината тарифа е поскапа за 0,9 проценти. Kanal5
Со тоа, како што тогаш појасни Бислимоски, за 88 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка во прв и втор блок трошокот за електрична енергија се зголеми за 0,4 проценти.
За 8 проценти од домаќинствата кои што имаат потрошувачка и во трет блок трошокот на месечно ниво се зголеми за 0,48 проценти, а за 4 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка и во четвртиот блок трошокот се зголеми за 0,57 проценти. Faktor
Ова ни е прва одлука во која што го искористивме контролниот механизам во однос на определувањето на цената на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.
ЕВН Хоум како универзален снабдувач до РКЕ достави на контрола и разгледување одлука на 5 декември. Kanal5
Согласно нивното барање цената за домаќинствата требаше да се зголеми за 4,4 проценти.
Во најголем дел немавме разлики, а единствената разлика која постои меѓу тоа што го одобривме и тоа што го достави ЕВН е во однос на факторот на корекција. Nezavisen
Со новата одлука за првиот блок цената на енергијата е 4,44 денари, а заедно со мрежарината е 6,58 денари за киловат час.
Збирната цена за вториот блок е 7,71 денар, во третиот блок е 9,57, а во четвртиот блок е 20,4 денари, додека цената на евтината тарифа изнесува 4,12 денари, прецизира Бислимоски. Nezavisen
Нашите анализи покажуваат дека цената на електричната енергија на најголемата берза во регионот, како и на нашата берза се најниски во периодот од 12 до 16 часот, а се највисоки од 20 до 24 часот.
Имајќи во предвид дека нашите домаќинства веќе имаат стекнати навики во однос на евтината тарифа се одлучивме до пролетта 2025 година да остане ситуацијата таква каква што е, а потоа врз основа на состојбата во АД ЕСМ ќе носиме понатамошни одлуки, рече Бислимоски тогаш. Kanal5
Вкупно трите ставки влијаат со 38 проценти врз крајната цена за потрошувачите.
Успеавме да ја намалиме мрежарината поради тоа што одредени компании имаа повеќе остварен профит од тоа што е одобрено од РКЕ и тоа ни овозможи да се доведеме во ваква поволна ситуација. Faktor
Влијанието на цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија врз крајната цена по која потрошувачите ги плаќаат сметките за струја е 4 проценти, цената за дистрибуција влијае 33 проценти врз крајната цена, а цената на МЕМО влијае само 0,19 проценти.
Вкупно трите ставки влијаат со 38 проценти врз крајната цена за потрошувачите. Faktor
Во земјава годинава е забалежан раст на бројот на увезени и продадени нови и половни возила.
Пред да бидат сумирани европските продажби за 2024 година во јануари, ова се бројките од изминатите 11 месеци.
Домаќинствата во 2023 година половина од домашниот буџет го трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни и житни производи.
Во очекување на економски подобра 2025 година, во која инфлацијата би продолжила да се стабилизира, а растот би забрзал, да се навратиме накусо на годината на која веќе ѝ ги одбројуваме деновите и да се потсетиме на предизвиците и резултатите во неа.
Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска очекува економски подобра 2025 година, во која инфлацијата би продолжила да се стабилизира, а растот би забрзал.
Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) од денеска почнува со спроведување во пракса на казнените одредби од Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, со којшто се очекува да се средат односите меѓу производителите, добавувачите и трговците.
Обложувалниците „Sport Life“ посветено го продолжуваат придонесот кон општествено одговорни иницијативи.
Обложувалниците „ посветено го продолжуваат придонесот кон општествено одговорни иницијативи.