По изјавените жалби на решението СТ.бр. 27/23 од први ноември 2024 година, со кои беа одбиени предлозите од страна на стечајниот судија , да се укинат одлуките на Собранието на доверители одржано на ден 21 октомври 2024 година во отворената стечајна постапка над должникот Трговско друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО село Возарци , со кои беа усвоени понудите на понудувачот Друштво за производство на метали ГОЛДЕН ИГЛ НИКЕЛ ДООЕЛ село Возарци Кавадарци за продажба на имот на стечајниот должник влезен во стечајна маса, на - пакетите предмет на продажба и тоа пакет бр.1, 2, 4, 5, 6 и 7 , поради ниската понудена цена, Апелациониот суд Скопје донел решение ТСЖ бр. 1217/24 од 14 ноември 2024 година, со кое жалбите се одбиени како неосновани , решението на стечајниот судија е потврдено, појасни судијката Ситникоска.