Новогодишната кошничка, што траеше еден месец, а со која беа намалени цените на дел од прехранбените производи, заврши.
Денеска завршува акцијата Новогодишна кошница која што беше креирана на предлог на бизнисот со поддршка на Министерството за економија и труд и траеше од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година.
Новогодишна кошничка беше успешна и придонесе за намалување на цените на производите што беа вклучени во неа, велат од Министерството за економија и труд.
Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојаноски одржаа состанок со дел од претставниците на производителите, дистрибутерите и трговците кои учествуваа во акцијата Новогодишна кошница која што се применуваше од 15 декември 2024 до 15 јануари 2025 година.