СООПШТЕНИЕ – Со ДПМНЕ на власт Рударско енергентскиот комбинат Битола, не е повеќе рударски.
Првиот блок на РЕК „Битола“ е времено исклучен од електроенергетска мрежа, поради превентивен карактер, информираат од АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ). „Во услови на енормна влага кај депонираниот јаглен поради интензивните снежни врнежи, потребната моќност на термоблоковите може да се постигне само со користење на огромни количини на мазут – што може да доведе до нарушена работа на котелот“, соопштија од ЕСМ.