Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 2,8 отсто, на 78,50 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 4,1 отсто, на 74,66 долари.
Падот на цените во голема мера е резултат на коментарите на Трамп кој во своето обраќање пред учесниците на Светскиот економски форум во Давос, изјави дека побарал од ОПЕК да ја намали цената на нафтата за да им наштети на руските финансии и со тоа да ја притисне Русија да почне мировни преговори со Украина. Faktor
Цените на нафтата на светските пазари минатата недела значително паднаа, по четири недели раст, откако американскиот претседател Доналд Трамп побара од ОПЕК да ги намали цените и истовремено најави зголемување на производството на нафта во САД. Biznisvesti